Добро и да го смени, еве другиот ќе и рече терај со клексан, уште повеќе збунка. Јас би барала уште две мислења други, само што нема кај кого овде. Стварно е ова човек да полуди од грижи.
Баш Јани и рекол да прекине.Ќе и пишев барај мислење од Јани ама штом он рекол така , од кој друг да се бараат други мислења
@macalavica @ivani30 moze li da mi pojasnite za revmatolog, kakva vrska ima so bremenost, na sto treba da se obrne vnimanie ne sum upatena za poseti kaj revmatolog vo bremenost, me interesira, vi blagodaram
Јас имав покачена афа,. Во принцип се работи за автоимуни тела кои не даваат да се развие плодот народски кажано.... Има неколку кои се испитуваат афа, ана, лупус може и други а да не ги знам. Јас имав 2 спонтани и ете благодарение на терапија со плакенил во бременост и клексан, б12 и метил фолат имам здрава ќеркичка
Женски еве и мене ми е на мисла. Со ивф сум 13+6, на почетокот ми дадоа клексани и сега уште 3 инекции треба да примам и толку. Мутации немам испитано, на почеток ми беа покачени д-димерите од стимулациите, но сега се добри, се симнаа и ивф докторот ми рече да ги прекинам. Ме интересира дали постои опасност ако го прекинам клексан или секој месец да си проверувам д-димери и хемостаза па ако има нешто пак да ми ги продолжат. Некој да има искуство слично искуство? Фала ви.
Можеш да испитсаш мутации во Авицена, 2900 ден за 1 ден ми ги дадоа резултатите. Потоа да се консултираш со трансфузиолог.
И мене гинекологот ми ги прекина клеханите, со димери 1700 во втор семестар и скратени времиња. Утре ќе идам кај матичниот гинеколог да видам што мисли она. Некако сомнително ми е, како да ги прекинам без Аспирин, без ништо да сум. На трансфузиолог немало термин упорно тврдат.
Јас ги имам прекинато после две боцкања се регулираа исто немам проверувано генетски мутации немора да значи дека секогаш се тие во прашање со покачување на д димери , направи пауза па пак си ги проверувај јас сега за последен пат ќе ги проверам ама имав лакуни на постелка па од таму знаев дека се покачени.
Ако упатот ти е со дијагноза бременост не се наплаќа, во спротивно се наплаќа 370 ден или нешто така. Резултатите се готови истиот ден и ги прикачуваат на мој термин така да ќе ги има матичниот.
Јас сум се гентски мутации и на почеток бев со 1 клексан, во 7ма недела испитав хемостаза д димери и беа ок но скратени времиња, Јани ме стави на 2 клексани, сега втор пат испитав и повторно скратени времиња Јани ми продолжи 2 клексани. Консултирај се секако со добар трансфузиолог.
Ај вака да прашам детално. Тие што одат како трудни кај Јани, со шифра за трудни ги закажува гинекологот? Си одите на преглед кај Јани па тој препраќа на боцкање или прво боцкање па кај Јани? Дали некој оди кај друг трансфузиолог? Тие што оделе во Ремедика кај Павлина дали прифаќа од Авицена испитувања или ве врзува со нејзина лабараторија? И има ли на државно други асолни трансфузиолози?
Јас боцкав во стомак до 39+3 кога и ми го прекинаа зашто чекаат да се породам...5 прста од пупак лево десно до спојлер ставав...најбезболно и без хематоми
Здраво женски. Јас прележав Ковид претходната недела. 21 гестациска недела сум, примав три дена по 2 клексани, плус по препорака на матичен гинеколог земав и Аспирин. Е сега, секој ми кажува различно и не знам дали да продолжам со Клексаните. Вредностите беа следни : 19.02: 2962 од референтна 1500 за второ тромесечие 21.02: 2318 од референтни помали од 885 23.02 : 1780 од референтни <885 25.02: 437 од референтни <198 Матичниот предлага да ги прекинам Клексаните, додека двајца други ме советуваат да ставам уште две инекции, па да проверам. Мислење?
И кај мене се нормални и д димери и хемостаза времињата а ми дадоа терапија клексан 0.4 и аспирин на 2 дена,ама верувам дека докторот знае зошто.само место аспирин од 100 земав од 75,страв ми е многу од него бидејки во предходна бременост прокрварев од него обилно.
Не знам навистина, плус и различни референтни вредности на различни одделенија имаат и малку е непрегледно за споредба.
Имам 2 мутации за фолна киселина и метилиран б12,за тромбофилија немам ама сепак сум покриена со терапија.