Дали е важно во која недела се испитуваат д димерите рутински, како што има од-до за втор скрининг или може во текот на вториот триместар? Матичната ми даде упат за датум кога ќе бидам 23+3, зашро тогаш има термин на трансфузиологија, а вака читам дека сите околу 26-28 недела испитувале.
Јас примам клексани цела бременост сега сакам да рефундирам околу 200 клексани е сега гледам на извештаите имам луфта на пример од 10 дена меѓу извештаи. Прашањето ми е дали ќе може трансфузиологот или било кој друг специјалист да ми напише извештај дека од тој до тој датум сум примала клексани да ги покријам сите денови и дали така ќе ми го прифатат во фондот. Сепак се многу пари за толку клексани
Здраво девојки. Примам од почеток аспирин 100 секој втор ден и клексан 0.40 секој ден поради генетски мутации. Сега сум 24та недела. Правев крвна слика, па освен д димери од фактори на хемостаза испитав и фибриноген кој е нормално да е од 2 до 4 g/l, кај мене е 7.1,а по интернет што прочитав нормално е во бременост до крај да биде најмногу до 6. Дали некоја се соочила со овој проблем?
Нема симптоми. Јас немав индикација на ниеден преглед, ми беше кажано дека е "задолжителен" преглед, па после излезе се измрдано.
Јас сум 20 недела со прележан ковид 2 пат, во Мк. и докторот ми рече нема потреба од димери за сега нема индикација. Можеби со наредните контроли којзнае ☺️
Не мора да значи дека ќе има индикации. Јас сама испитав димери кога бев позитивна на ковид, а бремена и беа до плафон. Се боцкам 3 месец веќе. Немав никакви симптоми буквално. Рана бременост.
Ќе испитам со следна контрола тогаш, не сакам непотребно да си создадам паника, молам бога да е се во ред
Дали некој би знаел да ми каже колку е сериозно тоа што овие две времиња ми се пократки од референтните вредности? Во понеделник сум на преглед кај матичниот гинеколог па дали треба да паничам до тогаш…
Се уште ништо, резултативе ги земав вчера, уште не ги погледнал докторот, во понеделник сум на преглед па ќе видиме.
Мами како ги боцкате клексаните? Јас се во стомак ама сега ми е многу цврст неможам да штипнам евентуално по накај спољерите само и или во рака ама ако има некој дома и сега овие денови во ногата? Под кој агол мене некако под 45 степени нај неболно мие. Иначе од утре 4 месец почнувам.
Јас се боцкам со фраксипарин веќе во стомав исто неможев да штипнам а на местата кај што боцкав ми се направија како топчиња и почнуваше да ме боли секаде па почнав во раце, исто и таму почнаа да ми се прават како топчиња после неколку боцкања па сега почнав во нога, сегаде се боцкам право на агол од 90.
Јас почнав да боцкам во нога 19та недела, толку многу бев исплашена како ќе биде и искрено мислам дека побезболно ми е во нога спрема стомакот. За во рака немам секогаш некој дома да може да ми помогне бидеќи неможам сама и да се штипнам и боцнам затоа го прескокнувам тоа место.
Нема потреба да се штипкаш во рака , само се боцкаш директно јас само таму се боцкав и маж ми ме боцкаше во десна пошто се лева неможев.