Здраво, вчера испитував д димери и ми излегоа малку покачени 1580 а сум 24 ГН. На преглед сум дури понаредната недела... дали некој може да ми каже дали и колку се страшни овие вредности?
Само димерите ти се малку над граница, не е страшно, ама би требало да одиш веднаш да ти кажат да не си за терапија. Исто би ти биле од корист времињата да ги испиташ, односно цела хемостаза, или ги викааат фактори на хемостаза. Зависи и од времињата и од димерите дали ќе си под терапија. Јас се обезбедив со клексани, во случај некој да бара, има во аптеката Бети карши Држаавна.
Жени ај хелп. Пополнувам барање за рефундација, образец Р2, ама ми изгледа почудно барањето од прошлиот месец. Долу кај што треба да штиклирам што поднесувам незнам дали се одбираше од листата за лекови на рецепт од примарна здравствена заштита или за лекови од болничка листа. Бидејки кај лековите од болничка листа има прилог да штиклираш специјалистички извештај, сметкопотврда и потврда од општа здравствена установа дека е аплицирана терапијата.
Лекови од болничка листа и сите други под него зошто приложуваш и извештај и сметкопотврда со фискална и потврда од матичен дека наводно таму нели си ги примила клексаните
Барањето го има онлине или таму лично? Дали извештајот од специјалист треба да е оригинал или копија? Во понеделник ќе одам првпат па да бидам спремна.
На маж ми стално му ја враќаат копијата од лк, ама јас секогаш праќам инаку тоа е Барање Сметки со сметкопотврда Извештај Трансакциска Потврда од матичен гин
Најдов онлајн, пишав на гоогле само барање за рефундација, искочи. Се во фотокопија, не примаат оргинали.
21 недела денес влегов, матичниот ми рече кога сакаш земи упат, му реков за нареднава недела. Ама мислев одредено дан има. Фала ти за одг
Здраво сакам да ве прашам за мислење ..Сум 37 недела во среда сум на контрола,проверував ддимери е2979 ми се а незнам колку треба да се во 9 месец малку се исплашив
Мамичкии д-димерите ги испитувате по индикација некоја или има одреден период од некој триместар кога треба да се испитаат?
Јас без индикација ќе ги испитувам ваљда има која недела треба да се испитуваат. Матичниот ми рече 27-28ма недела да испитам.
Јас сум 15+4, матичната ништо ми нема кажано за да испитам па затоа сакав да прашам овде кога ги испитувате.. Ти благодарам
Секој различно испитува што сум читала тука некој и порано има испитувано. Можеби е било со индикации не знам или некоја сама е сакала па испитала. Јас кога ќе каже матичниот тогаш.
Ако може кој има инфо за рефундација на клексани имам извештај од гак,сметкопотврда од аптека,трансакциска,л.к и образецот од нет, дали мора плус од матичен потврда нели е доволно од гак и од кој матичен гинеколог или општ се зима потврдата.
Да, потребна е потрврда од општ, бидејќи потврдата е дека си ја примала терапијата, дека те боцкале тие.