Дали правилно купив клексани по извештајот? Дали се исти како клексаните, дали сте ги користеле и дали можам по извештајот да рефундирам. Јас цело време барам клексани а ова е друго. Се збунив. Да не згрешив
Ti blagodaram za predupravenjeto , treba termin maticnata ne gi razbira tocno da mi kaza a ginekologot mi rece nisto strasno vo makedonija site zeni imat mutacii ,
Здраво. Ми дадоа терапија клексан 10 дена да се боцкам. Ме интересира како да ги чувам инекциите, на собна температура или во фрижидер.
Здраво на сите Да прашам дали некој имал вакво искуство докторката ми препиша да пијам Аспирин од 100 поради следните резултати јас сум 30+3 ве молам за совет? Малку ми е страшно бидејки на упатството пишува цитирам: Аспирин 100 не смее да секористи во третото тромесечие.
Има ли некој што се боцка 2 пати дневно со клексан? Мене д дмерите ми се на горна граница, 1300 , а сум 2 триместар некаде на средина, 23 недела почнувам. Референтната вредност е 1290 за овој период. Колку треба да се повисоки за 2 пати дневно да се боцка?
Jas sum 28nedela i cela bremenost se bockam so kleksani. Ne radi ddimerite tuku zaradi toa sto mi se skrateni vreminjata
Ако може некој да ми објасните како оди процедурата за клексаните? Ќе треба да примам 10 дена клексани за покачени д-димери. Матичниот треба да ги препише, јас треба да си ги купам, или ќе треба да одам на Гинекологија на државна за да ме боцкаат? Изгубена сум скроз, ништо не ми објасни само ми рече ќе препишеме и толку.
Во 22ра ми беа некаде 1600, 26та скоро 2000, се боцкам само еднаш и редовно одам кај Јани, не ми зголеми терапија зашто времињата ми се ок.
Вака да прашам, вие што сте со мутации, од кога дознавте дека сте бремени одма испитавте димери или има одредено во која недела се испитуваат? Дали клексани дават според резултатите од димерите и хемостазата или и доколку се тие во ред пак даваат клексани заради мутациите?
Мене конкретно не ми ги препишува матичниот и јас примам скоро цела бременост. Процедурата е: со резултат од ддимери матичниот ме праќа со упат на ГАК, од таму земам извештај на кој пишуваат колку клексани треба да примам и откако ќе ги испримам матичната ми дава лекарска потврда дека се примени. Ова е во случај кога сакаш да ги рефундираш парите од клексаните преку фонд..ти треба сето тоа + фискална и сметкопотврда. Но, кога примав на почетокот првите 12 недели по препорака на др од приватна клиника немаше потреба никој да ги препише. Одев во аптека, си ги купував и толку. Така што ако треба да ги примаш веднаш можеш да одиш да си ги купиш без да ти се препишани...
Значи од Фондов ќе ме умрат. Се јавив пред 10 дена, одобрено ми било барање за рефундација од 23.02. ќе имало исплата. Сеа уште нема исплата. Се јавувам да видам шо е работата. Ми вели дечкото, следи трансакциска. Господе Боже.
Дали на некоја трудница што има корона и се кренати д димерите и како ја третираат? Мене ми се кренаа на 3300 па гинекологот ми даде терапија фрахипирин 0.6 по едно 7 дена...вчера ме прегледаа на заразно и повторена крвна слика по 2 дена од примањето на фрахипирините и ми беа 2800 ..и ми ја сменаа терапијата на два пати по 0.4.
Не ми се верува што напраив. Имав термин кај Јани чекам цел месец. Отварам упутот да го спремам за утре, кога гледам датум 11.04. Сум го пропуштила терминот. Мислите ќе ме прими друг ден?
Девојки, земав извештај од кај Јани за клексан, но нема нигде од оргиналниот само шпанскиот. Прашањето ми е дали со овој извештај ќе ми ги рефундираат или треба за тој шпанскиот да стои нешто др во извештајот. Ви благодарам.