Дежурна сум на темава значи Да прашам кај сите вас ли е скратено активирано парцијални време? Кај мене е 24, а ред.вредност е 27,9-37,7 Другите се во граници на нормала И ддмерите ми се 2079 Ко за 30 недела вајда се ок резултативе? Тек во понеделник сум кај Јани
Со овие резултати ми ги прекина клексаните Јани, но на мое и од матичната инсистирање прифати да ги продолжам како и предходно 2 пати на ден, не би сакала да ризикувам пред крај.
Не се гледа сликичката, ама ок е Мене јани некаде од кај 16,недела ми вика дека немам потреба, ама матичнава инсистира да ги примам и тоа без да ме види, чисто превентивно да не дошло до застој во развој. Кога бев кај Димчев на 2 скрининг и он ми вика нема потреба од клексани и кога му го кажав муабетот од матичната ми се изнасмеа и ми рече слободно оди и кажи и дека клексаните немаат врска со развојот на бебето. Ај сеа биди паметен
Имам 2 неуспешни бремености. Со генетски мутации сум и од почеток со скратени времиња мојава матична одлично знае да ги води таквите бремености (иста бременост и таа имала) и Јани многу добро ја познава затоа и не ми направи проблем веднаш ми ги продолжи. Да не испадни да ширам паника секој со свое искуство но јас и верувам премногу… Имала 3 пациентки кога ги прекинале клексаните и имале лош исход па смета дека е поради тоа. Од тогаш па до ден денес вели не ги остава да ги прекинат клексаните и среќа се нема такво нешто случено. Кога му кажав на Јани рече сепак матичната има ехо и повеќе може да види од мене затоа ќе направам како што вели таа.
И мене Јани ми рече дека мн е важно мислењето на матичниот бидејќи тој гледа на ехо како се развива бебето.
Здраво девојки. Сакам да ве прашам каде најчесто ги боцкате клексаните ( рака, нога, стомак) и дали ви останува модрица после боцкањето?Јас од почетокот на бременоста се боцкам во стомак но веќе сега некако ми е страв да продолжам таму а на рацете и нозете ми излегуваат модрици онаму каде што се боцкам
Јас цело време во рака. Излегуваат модрици ама се мачкам со хепатромбин па едни поминуваат други се појавуваат, се зависи од тоа како ќе ме погоди маж ми зошто он боцка
Сите боцкаме различно, јас во нога модринки не ми се прават само како грутки, предност ми е што можам да се боцкам сама секогаш (во рака би ми требало помош) и воопшто не ми се болни боцкањата фала богу бидеќи во стомак знаев да полудам од болки а во рака немам ни пробано сепак сега летно време не сакам баш да се гледам цело време со модринки во раце.
Јас во рака, не сум ни пробала на друго место Искачаат модрици, особено дека по два на ден примам, ама едни искачаат, други се губат и така. Нека биде се добро, па ми е гајле и за модрици и за боцкања, се ќе издржам.
Добро бе луѓе, ова за рефундација веќе виша математика стана. Одам кај матичниот( овој пат ги ставав дома) и ме водеа како таму, за потврда, морало во болница, во болница ме маршираат, мора матичен. Кој ви ја издава таа потврдата за примени клексани?
Од кога ќе ги примам сите што ми се пишани на извештајот одам кај матичен гинеколог со фискалните, сметкопотврди и извештај и ми дава потврда дека таму сум ги примала и тоа е тоа
Епа матичниот ме праќа на болница, затоа што досега секогаш морало таму специјалист да ми ги препише. Четири пати берам потписи од ставање и ниту еднаш не сум успеала да рефундирам, оти ме шутираат наваму-натаму. А Клексаните матичниот ти ги препишува?
Не, на транафузиологија ми ги препишува специјалист. Матичниот не ни може ми се чини да ти препише не сум сигурна
Матичен гинеколог не може да ти ги препише, за да рефундираш ти треба извештај од трансфузиолог или доктор од болница - специјалист, а обичен матичен не може да ти даде и треба да е со ист датум од денот кога си почнала да ги купуваш/боцкаш. Потврда за примени клексани треба да ти даде матичниот.