Сето тоа е направено, само потврда ме ми даде матичниот, ми рече мора на болница, од гинекологија каде ти биле препишани. Таму ми кажаа дека нема шанси да потпишете потврда, и така... Се откажав
Боже господе, ја би ја напнала матичната секој ден со истото, како може така не се малку пари во прашање..
Веќе неколку пати се тегнам околу тоа, и ете, веќе не знам кој е во право, затоа и ви пишав... На крајот, кај биле кај не биле парите, битно е здравјето...
Јас лани ги однесов извештаите кај матичниот, таму ми дадоа потврда, и со таа потврда и останата документација поднесов во фонд за рефундирање. Ми рефундираа после неколку месеци (имав поднесено за околу 5 месеци).
Да, мене ми е и пократко. И мене Јани сакапе да ми ја прекине терапијата, ама мене вртоглаво ми растат димерите без терапија, а имаме и фамилијарна амнеза на тромбофилија, така да не се осмели да ризикува. Ме остави да се боцкам до крај. Него дилема ми е колку дена пред крај се прекинуваат. Боцкам во бутови, поточно надворешниот дел ептен горе, првото месо под спојлерите ем не боли, има што да штипнам и никој не ме гледа таму дали сум модра хаха.
Јас пред 2 дена баш бев на преглед и го прашав докторот што ќе ме пораѓа кога да ги прекинам зошто планирам на закажан царски да одам освен ако бебулево не испланира поинаку, ми вика до ден пред пораѓај да се боцкам
Последниве денови кога се боцкам крв ми потекува и почудни се модриците како точки црвени, не нон стоп ама не ми беше така до пред некое време. И повеќе ме боли кога се боцкам. Правам некоја штета со тоа што има крв или ок е? Знам дека треба да аспирирам ама мм кога ме боцка го фаќа паника и ми не му кажувам да пребоцкува.
И мене некогаш. Не аспирирам, само истиснувам воздух пред боцкање. Не верувам дека е страшно, помина со тек на време.
Да, сите инекции се вбризгуваат со истиснат воздух само клексаните не требало.. ништо страшно еве терам 31ва недела
Значи вака за сите што кубурите со упати и на крај пак ви наплаќаат 400 ден,ко ќе одите на трансфузиологија можете да си направите друга шема. 2 до 3 дена претходно од закажаниот термин кај доктор трансфузиолог кој ви го закажува општ матичен, можете да си закажете термин преку гинеколог за проверка на ддмери и хемостаза. Пр. Јас минатата недела проверував ддмери и хемостаза и не ми наплатија ништо дека нели со шифра за бремени и денес со резултатите кај доктор на консултација. Ем си платив само 40 ден, ем одма ми даде извештај со потпис со печат со се. Се надевам дека на некој ќе му помогне ова инфо
Девојки ме пратија за д димери и хемостаза но нормално нема термин во државна.од каде на приватно сте задоволни .фала
За земање крв пуштаат секој ден од сабајле термини, за консултација со трансфузиолог е проблем за термини. Нека ти закаже матичен само за испитувањето па ако има потреба ќе бараш трансфузиолог накнадно.