Имам пишано погоре Јас по 8 месеци боцкање открив дека ако држиш ладно (мраз) на местото пред да се боцнеш и од кога ќе се боцнеш модрици не ми излегуват. Инаку и јас бев партали во рацете, само таму боцкав
Не држам ни ладно, не мачкам ни маст, боцкам на исто место скоро цел месец (без менување на нога буквално боцка до боцка) Порано знаев да сум со страшни модринки во стомак, во рака немам ни пробано.
Јас се боцкам во стомак веке 5 месеци се бо исто место до сега немам ниедна модринка дури не ми се познава ни местото каде сум боцкала па по грешка 2 вечери боцкам на иста страна пред боцкање премачкувам со алкохол за да ми омекне малку кожата затоа што ми е многу дебела и едвај влегува иглата...пробај да ставаш нешто ладно нема да излегуваат модрици
Под 90 степени секогаш модрици и тоа големи, под 45 степени мали или ги нема, каде има повеќе салце не се појавуваат, јас ги боцкам погоре во ногата, од страна сеуште не сум пробала, како немам веќе места за боцкање ќе почнам да се спуштам по нозете. Нека ни е со лесно на сите.
На кој број ги добивате од фондот во Скопје ? Имам поднесено извештај на 15ти Април и уште нема исплата.
Од кога ќе ви стигне решение дека ви е одобрено рефундирање на средства,за колку време стигаат средствата на сметка ? Решението ми е од 16ти меѓутоа уште нема парички на сметка ?
023289092- бројчето е за рефундации, сега се јавив ме насочија да се јавам во сметководство 023289020 ама не ми креваат.
Овие димери и фактори на хемостаза ќе ме полудат.. примав 14 клексани и денес резултатот е полош од претходно... намалени се малку д димерите од минатиот пат ама сега времињата се скратени... има некоја со вакво искуство женски? Стварно се исплашив сега..
После клексани и мене ми се изместија времињата и не се замарав многу. По моја логика од клексаните е, зашто терапија е. Нормално е да се измести нешто што било на место и обратно. Ги примав до 32-ра недела и ги прекинав. Не правев проверки после тоа.
Јас имам ниски д-димери во 30 недела ми се 600 а примам клексани заради скратени времиња,@jelo пак треба да се консултираш со трансфузиолог дали треба да продолжиш.