Јас се боцкам во раце зашто веќе во стомав неможам,пробав на нозе ми се прават топки и ми излегуват модрици,боцкам во раце под прав агол според упатството што е во кутијата со клексани и ја вбризгувам течноста пополека не наеднаш и не ми се прават модрици.
А сега која недела си ? Се е во ред? Офф, стварно многу испаничив матичната ми вика не е страшно ич не се загрижи ми рече може уште 10 клексани и стварно не знам што да правам дали да консултирам трансфузиолог? Фала ви девојки на одговорите
Дали знае некој во која аптека во Скопје може да најдам клексани? До сега кај што прашав никаде немаат..
Девојки, во понеделник сум на Трансфузиологија, имам термин во 10 часот, примам секок ден по 2 клексани во 9 сабајле и 9 навечер, дали од сабајле треба по шема да си примам клексан пред да ми земат крв? До сега само навечер сум го примала и не сум имала дилема, сега ова ми е прв пат вака по шема, дали би било проблем? Фала
Јас редовно примам по 2 клексани и кога и да испитувам крв не го пропуштам клексанот, зависи како ќе ми се фати, се имам боцнато и пред да ми земат крв и после тоа.
Не станува збор за пропуштање на клексанот, туку дали да го одложам за еден час поради тоа што треба да ми земат крв? Јас треба да одам кај Јани, дали него го имаш прашано? Во дилема сум, дали е проблем ако го одложам боцкањето за еден час?
Тоа и кажувам не го одложувам поради земањето на крв. Јас боцкам во 11часот ако ми земат крв пред 11 во ред ако ми земаат после 11 јас веќе боцната сум. Да напоменам не сум го прашала Јани дали е во ред тоа.
Фала ти мила, сепак така ќе направам, некако страв ми е да се боцнам пред земање крв, кога веќе Јани ти кажал, ми олесна сега @Bebetoo фала мила
Не ти менува тоа дали ќе се боцнеш пред или нема да се , резултатот ќе е ист една боцка не менува многу.
Јас ако се сеќавам добро, ама ова пред 5 години беше мислам ми рекоа да боцнам ама бар саат разлика од земање крв и да ме боцнат од другата рака, спротивно од таму кај што сум ставила клексан
Многу ретко некој да не испитал?.., Јас немам испитано, матичната ми рече ако има некој инфикации во тој случај треба, е сеа по што гледа дали треба незнам , во главно се е океј до сега. Инаку сум 21ва недела.
Здраво женски Примам клексани веќе месец дена и сега треба да носам документи во Фонд.Јас имам извештај од специјалист хематолог (наместо трансфузиолог или гиниколог) и рецепт од матичен гиниколог. Дали некоја од вас има искуство, дали прават проблем во Фонд бидејќи извештајот е од хематологија?
Девојки во врска со извештајот од трансфузиологот за клексаните и рефундацијата... во делот кај што пишува дека треба да се прима клексан стои 60 дена. Тоа значи дека извештајот за клексаните ми трае 2 месеци ? И колку дена пред истек на датумот треба да земам нов извештај