Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Д-димери во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од butterfly.mk, 21 септември 2013.

  1. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Dali treba da sum gladna za ispituvanje ddimeri i TORCH? Ve molam za info
     
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    40.411
    Пол:
    Женски
    Ако примаш по еден на ден, за 60 дена. Јас секогаш си темпирам да немам дупка за рефундација. Последниот извештај ми е за 40 (од 13.06). Штом го добив тој извештај пресмета до кога сум покриена и веднаш закажав наредно за 18.07. Сега на 18 сакам да го замолам да ми пише 60, за да не трчам секој месец и во август кога ќе пуштат термини за септември веднаш да си закажам нов термин.

    Јас колку што знам не. За ддмери сигурно, а и за торч по логика не би требало, тоа е испитување за моментални и прележани инфекции
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, сега сум 14+5, вчера бев кај Јани, ми направи проверка на ддимери 1386? Дали е тоа во ред за гестациска недела? Времињата ми се исти како и пред месец дена, но поради тоа што имам лакуни на постелката( како швајцарско сирење) докторот ми препиша превентивно месец дена да примам 3*40 мг клексан и плус аспирин од 100 мг секој втор ден, ова до следно ехо. Ме интересира дали некоја примала по 3 клексани на ден, како ги распоредува временски и аспиринот кога се пие во ваков случај кога има трет клексан вметнат во шема? Дали се подобрува состојбата на ехо ако се прима покачена доза?
    Исто сакам да прашам Јани во среда и во петок ми рече дека е во негова просторија, но јас не знам каде се наоѓа и во кога да го побарам?
    Ве молам за мислење.
    772FC7E7-FEE2-4DE4-9361-9618C6819436.png
     
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    40.411
    Пол:
    Женски
    Канцеларијата му е позади пултот (лево од лабораторијата) има една врата. Кога ќе влезеш во ходничето мислам втората врата десно дека беше неговата канцеларија. Ама мислам секако ќе мора да те насочат од шалтерот, зошто незнам дали тој дел е слободен за влез.
     
    На Sienna_MK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    303
    Да неможе да влегуваат пациенти затоа што е со картички. Јас кога бев последниот пат таму чекав пред врата и Јани излегуваше и повикуваше пациенти. И за влегување и за излегување куцаат со картичка. Претходно исто мора пријава на пулт. @Sienna_MK
     
    На Sienna_MK и Ano им се допаѓа ова.
  6. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Фала ви мамички, кога бев во амбулантата ми покажуваше со рака позади некаде, знам дека карши пултот има една врата, ми рече да дојдам со приоритетен упат и да го побарам во среда или петок, но не ми кажа кога точно, најверојатно од сабајле е таму?
     
    На Karanfilce14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    303
    Да отиди си порано, ке биде гужва и хаос. Јас на почеток на јуни бев со приоритетен за после пункција да ми даде извештај за да почнам со клексаните и си се изначекав ама се завршува работа. Кажи на некоја од вработените дека си договорена би требало да те однесат:l:
     
    На Sienna_MK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Да си влезам полека во темава.
    Две неуспешни бремености, еден missed и една моларна. Испитав генетски мутации и поради нив ќе треба да се боцкам клексан од позитивен тест. Тоа ми го кажаа неколку гинеколози, а на трансфузиолог сум во петок. Имам закажано кај Елена Ристовска. Прашањето ми е дали сега ќе ми даде да си купам клексани и да си ги чувам, па од позитивен тест да почнам или ќе треба да чекам позитивен тест, па пак да одам на трансфузиолог па да ми дадат да си купам?
     
  9. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    723
    Јас вчера бев на испитување за торч и ме прашаја таму дали сум гладна и гладна бев пошто уште пред да одам матичниот ми рече гладна да одиш да не заборавиш така да гладна треба ова за торч за ддимери не ми текнува дали требаше гладна ама пошто сабајле бев сигурно бев гладна тогаш ддмери и хемостаза заедно испитував.
     
    На Lavica2602 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.203
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Не, доколку сега не си бремена не може веднаш да ти даде клексани. Со позитивен тест веднаш ќе појдиш на преглед, тогаш испитуваш димери и хемостаза и на основа на резултатите ќе ти каже и терапија. И мене на почеток ми пиша Јани по еден клексан среќа што за брзо ги испитав димерите и хемостазата, испаднаа скратени времиња па ме префрли на 2 клексани.
     
    На Angella7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Фала ти :*
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. feminka#11

    feminka#11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Дали некој ги има користено enoxaparin od 0,6ml трансфузиолог ми препиша 10 дена од 0,6 но ги немаше никаде по аптеките од 0,6 освен во аптеката во Систина но овие не се шпанските,од таму ми рекоа за да не се боцкаш двапати со клексан 0,2 и 0,4 затоа со овие,ме интересира дали некој се боцкал со вакви 53A18561-B81F-41C7-92E1-A193989400A0.jpeg 7C089F93-4A50-41D6-BECD-1F1B69814476.jpeg
     
    На Sienna_MK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    40.411
    Пол:
    Женски
    Јас имам боцкано вакви кога не можев да најдам клексан. Тоа е истиот лек и не гледам проблем. Само од овие мене не ми се свиѓаше шприцот, некако чуден ми беше и понеубав за боцкање. Како и да е ќе си ја заврши работата.
     
    На Sienna_MK и feminka#11 им се допаѓа ова.
  14. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.174
    Пол:
    Женски
    Другарки во последно време што имате аплицирано за рефундација на клексани за колку време ви стигнаа пари на сметка? Јас добив решение па да знам кога да очекувам :D
     
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    40.411
    Пол:
    Женски
    И јас поднесов на 14.06, добив решение пред 3 дена, чекам исплата. Ќе пишам ако ми пуштат, а извести и ти ако ти стигнат:)
     
  16. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.174
    Пол:
    Женски
    Јас вчера добив решение, секако ќе пишам кога ќе добијам пари :)
     
  17. vikicka88

    vikicka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Јас ги поднесов документите некаде накај 15 јули, на 29 ми стигна писмото и утредента одма ми ги префрлија парите. Незнам дали секогаш вака брзо оди или пак моја среќа било
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.174
    Пол:
    Женски
    Јас поднесов документи на 01.07, на 06.07 ми стигна решението па ќе пишам кога ќе ми пуштат и пари.
     
    На vikicka88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.165
    Допаѓања:
    14.067
    Пол:
    Женски
    Женски да прашам
    Има некоја од вас што го консултира Јани на вибер или месинџер? Дали добива одговор?
    Јас за 2 дена влагам во 9 месец и Јани на последната контрола минатиот месец ми рече нема потреба веќе да одам кај него, ама јас за секој случај викам ај да си проверам и сега ддмери и хемостаза и ми испаднаа високи ддмери 2800.
    Матичнава ми вика можеби треба 2 клексани да боцкам ама сепак да се слушнам со Јани.
    Маж ми ко беше за извештај минатата недела му спомнал дека од понеделник е на одмор и сега баш ме фати нервоза
    Извинете на долгиот пост ама незнам баш како да постапам
     
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    40.411
    Пол:
    Женски
    А хемостазата каква ти е? Времињата какви се?