Па наводно добри биле Нескаше матичната да ми го прати извештајот вика Јани го има на мој термин ќе си го види
Со оглед на тоа дека за некој ден влегуваш во трет триместар, а по оние вредности што јас ги знам (2600 горна граница) ти се над граница, ама не многу. Ама битни се и времињата (дури мислам и побитни се за терапија). Јас би замолила да ми ги прати и ако не го најдеш Јани консултирај друг трансфузиолог.
Мамички докторката од трансфузиологија ми даде извештај за рефундирање на клексани но и кажав дека со докторот што правев инвитро се договоривме да ги примам фраксипирин зошто клексанот многу ретко можам да ги најдам дали во социјално ке ми прават проблем за извештајот пишува клексани а сметките ми се од фраксипирин ?
Мислам дека при настинка/болест знаат да се покачат д димери но не нешто значително. За хемостаза не знам ама не би требало да се поремети од една настинка.
Здраво. Да прашам дали некоја добила извештај од трансфузиолог ‘консултација со матичен’ без да пише терапија? Не знам што да правам сега… докторот што ме води не беше тука, замената ова го направила…а јас мора да примам клексани… и сега чаре некое? Значи државава е хаос, зошто да биде едноставно кога може да биде сложено…матичниот секако не може да даде извештај со кој ќе се рефундира…па ако има некоја со ваква ситуација и средила, нека каже како
Барај итно упат за на ГАК да ти пишат терапија додека дојдеш повторно до трансфузиолог. Јас сум рефундирала и со мислење од специјалист од ГАК
Да пожелно е само да носиш нешто дека ти биле/се препишани. Јас тогаш со мислењето од ивф специјалистот дека треба да примам и ми ги пишаа. Било каков извештај каде ти биле препишани или нека ти пише матичниот мислење.
Дали има пуштено термини за август кај Јани, на мој термин пишува +21, а кога се гледа по месец за август нема слободен термин, дали тоа значи дека се потрошени веќе?
Имааат некалов проблем. Вчера ги гледав имаше термини. Дури и да се потрошени треба да се обележани деновите. Во моментов за кај него ништо не покажува. ПС проверив и за кај други доктори и иста е ситуацијата. Дефинитивно имаат некаков проблем во моментов.
Фала ти мила, сепак ќе се јавам да прашам. Едит: Јас закажав термин на Трансфузиологија и покрај тоа што не ги покажува, слободно на кого му треба нека си закаже.
Женски има ли некоја како мене што и покрај примени клексани не и се намалуваат д димерите, ниту пак нешто страшно се покачени? Исто и со времињата скратени? Инаку @vikicka88 @Ano денес ми стигнаа пари на сметка од клексаните.
Ќе ме полудат значи... не ги разбирам, не знам дали се опасни, знам дека бебе добро се развива, немам лакуни, протоци во ред се, до сега примив 24 клексани сега си добив уште 14 офф маки