И мене така ми е цело време па не ми направиле проблем, а што ти викаат дека треба да биде ист датумот?
Да бе, ист со денот кога се купени или евентуално еден ден претходно. Никогаш не ми биле така и објаснувам на таа ама со дрво кога си имаш работа нема разбирачка
Поднеси им жалба, па не може 9 месеци ние да поклопуваме извештај до извештај. Јас последниов извештај го земав една недела пред датумот од купените клексани, Јани не беше во амбуланта истиот ден кога требаше да ми почне извештајот, бог да чува ќе не избудалат.
Глупсти. Јас цело време купувам парцијално. Од извештајот до крај имам по неколку сметкопотврди и фискални и не правеле проблем. Значи стварно почнаа да претеруваат
Ама истото и го кажувам и јас знаете како е со термини на трансфузија и гледате дека по 50-60 од еднаш ми се препишани ама џабе
Здраво мешиња, На извештајот имам препишано 70 клексани. Дали може да ги земам на два пати, првиот пат да земам 40, а вториот да земам 30 клексани или мора наеднаш сите 70 да ги земам?
А за рефундирање после како треба ? Да се поднесе ивештајот заедно со двете сметкопотврдите со фискалните?
Јас си ги купувам по 10 или 20 клексани, извештаите ми се или за 60 дена или за 80 дена. Не ми прават проблем, ги носам сите сметкопотврди со фискалните заедно.
Како што ти пишала и @Bebetoo си ги доставуваш сите фискални и сметкопотврди кои ти се за тој период. Сум имала и по 4-5 посебни сметки
Јас немам извештај од трансфузиолог, само од геникологија. Дали ќе прават проблем? Гинеколог ми ги препишува.
Дали некоја ќе прима клексани до крај, до пораѓај? Или некоја што веќе се породила а примала до клексани да сподели дали имала повеќе крварење по пораѓај. Веќе главава шашма ми ја направија.
Здраво. Ги проверував сега д-димерите ми беа 2446, 33та недела. Матичниот ми рече ајде да не продолжуваме со клексаните, да земам Аспирин од 100. Зедов, но имам навика да го читам упатството и го пишуваше следново.. Не сум сигурна сега дали да ги земам, дали има некој друг што ги зема? Мисла ми е..
Ние што сме со мутации ќе примаме до крај, мислам се прекинуваат 24ч пред пораѓај. И после пораѓај треба да продолжиме мислам уште некое време.
Јас цела бременост сум со клексани, а од пред бременост пиев и аспирин 100 секој 2 ден со тоа што кога останав бремена од првиот извештај уште од трансфузиолог си пишуваше аспирин до 30 недела. Клексани уште примам