Не знам. На маж ми денес тој што му ги препишал му рекол дека после пораѓај може повеќе да крварам од нив. Дека јас сум 38 недела не би ми дал клексани, ама чим матичен така рекол еве ќе и препишам.
Епа тогаш слушај си го тој што ќе те пораѓа. Сепак си во негови раце. Имај доверба, знаат што прават.
Исто и јас прашував зашто би требало до крај да примам клексан според трансфузиолог за да не ми ги прекинува сега на крај,ми рече дека треба да има поминато 16 часа ако е спонтан пораѓај и ако осетам некој болки тој ден да не ставам а ако е царски може да се почека да помине 16 часа,заради епидурална ако се прима сметало нешто не разбрав што точно ама пак ништо страшно и ми рече пак и гинеколог да види како е и негово мислење дали да се прекинат порано клексаните.Јас заради скратено време ги примам.
Ама никогаш не можеш да знаеш кога ќе се породиш некогаш пука водењакот немаш болки. Еее баш сакам епидурал да примам, зарем нема да смеам?
Немаш можност да се договориш со провокации? Мене ми рече докторот да издржам до понеделник да влезам 38ма па ќе се договориме што како, ако во меѓувреме ме фатат болки не знам што би се случило Јани ми кажа 24ч пред спинална или епидурална да се прекинат. Едит: Докторот се консултираше со анестезиологот, ги виде само времињата и бројот на тромбоцити и ми кажа не е проблем за епидурална слободно можам да ја примам а баш сум со скратени времиња.
Мене само 10клексани ми дадоа да примам. Д димерите ми беа покачени времињата овој пат не ги проверив. До пред месец секогаш ми беа супер. Јас сум веќе 38. Убаво ќе биде да издржам 10дена да завршам со клексаниве па раат да се породам.
Мешиња прашање до вас што боцкате клексани. Вчера почнав со првиот клексан местото каде што ми е боцнато вака на око нема ништо ама на допир е тврдо како грутче , и малку помодре. За модрици сум слушнала ама за ова тврдово. Дали е нормално ова?
Модрица речиси и да нема. Ама ова тврдово ме нервира дали и тебе ти се правеше така? мраз ќе помогне за тоа? Баш ќе пробам.
Да, некогаш ми се прави модрица некогаш тврдо, некогаш само потемна точка а некогаш немам ништо не се ни приметува кај сум се боцнала. Незнам зашто така. Во нозете се боцкам сама, кога сакам да ги одморам во раце ме боцка мм.
Ова што ми се направи тврдо уште не е тргнато и боли на допир. Ставав облоги од борова вода ама нема ефект. Со што да мачкам да се разбие груткава
Ова некако како да се прошири, вчера мислам беше помало сега се проширило и надесно. Ај ќе пробам и со хепатромбин.
Не, ми беше страв не боцкав на таа рака. На другата боцкав ама по препорака на @V.N. држев мраз пред и потоа и еве двата клексани што ги примив вчера и денес ништо не се познаваат. Само со тој првиот се зезнав. И баш ме боли, ако продолжи да се шири ќе појдам на дежурен.
Нема што да ти прават, пробај масирај го местото со алкохол или ако имаш земено хепатромбин маст. Од хепатромбинот имаш и гел тој е како со разладувачки ефект за во лето. Боли многу знам но ќе помине, ние што се боцкаме цела бременост веќе навикнавме