Баш тоа вчера помислив за вас цела бременост што боцкате јас 2,3 до сега примив и ми иде да ги фрлам сите. Ама кога мора, тоа е. Ај сте отрпнале вие веќе
Ја ќе честам кога ќе ги завршам кажав, ама толку сум обучена сметај 2 на ден примам небитно каде сум кревам фустанот застанувам боцкам и продолжувам, дали болело дали крв сум имала веќе не ми е проблем Минатиот викенд во вц во кафеана ме начекаа кај што ја прибирам иглата, кој знае што си помислија
Јас имав хематом голем со грутка, нема место за паника, обично на рацете ми се појавуваат бидејќи таму немам многу салце. Ќе помине секако само треба многу време, не поминуваат за ден-два, јас ги носев и со недели, зависи колку е оштетено ткивото. Но верувај ќе се повлечат, нема потреба од лекар.
Дали некоја се видела со др.Јани денеска или вчера, дали докторот е на работа или на одмор. Јас не успеав да отидам денеска па ако некоја има информација нека сподели. Фала.
Денеска мм беше да го бара за извештајот мој нешто му рекле дека е на боледување ама не му кажале до кога. Ако има некоја што знае нека пише кога ќе се врати на работа зошто оние од фонд несакаат да ми рефундираат се нешто им фали
Не се плаши. Нормално е. Може да се зголемува, може да стои тврдо, не е тоа ништо страшно. Јас во раце не боцкам затоа што најмногу ме болеше и по месец дена ми стоеја модриците. Боцкам во нозе, се прават модрици ама барем не боли. Биди упорна со Хепатромбинот.
Јас искрено модринки, вени, капилари нема што нема ахахаха....за жал на 19ти имав ситуација да не можам да застанам на нозете и паднав во моментална депресија која ме држеше до денес. Хепатромбин може да се мачка тоа и мене ми кажаа, јас земав се што најдов дома :хепатромбин, ербавен крема(демек смеело а на нет стои не смее за брмени жени ама маки имаш ќе мачкаш тоа е), славитон(тианде), од костен некоја обична крема за капилари по лицето(но ја мачкам на нозете ). Вчера вечер пукнав неможе вака, земав болела не болела ја изгазив ногата најманијачки. Па тоа не е живот, како инвалид некој да неможеш да мрднеш. Доктори реално кажуваат дека ова го има кај некои трудници и нема лек , земајте масти креми и слично , нозете на повисоко на перници, можеда има и др извор проблемот како пример срцева слабост. Јас се што ми кажаа испитав-на трансфузиологија дадов примерок и немам проблем со тие вредности на димери , тромбоцити , времиња некои за тромбоцитите и слично. И тоа пред бременоста немав ни еден испукан капилар а сега географска карта сум по нозете. Дали се повлекуваат овие капилари после пораѓај? Ајде некоја искусна да каже? За отокот читав по темата мислам дека се повлекувал но за капиларите ме интересира . бидејќи многу грдо изгледаат...
@tatjanasakalieva незнам што од ова поминува ама ако ти е утеха мене ми пукна некој капилар на лице и плус на чело имам онаква флека мелаза ли како се вика незнам ама страшно ме нервираат...хаос ми е лицето. А нешто што исто така ми иде да се откорнам е што на раце и нозе ми се појавија масни ткива, се осеќам ко квазимодо. Е тоа не ми се верува дека поминува така само од себе туку само оперативно
Некој дел демек минеле од капиларите, а имаи ласерски третмани еве гледав по интернет кои може по пораѓај да се прават . Флебавен се добри но се апчиња така да не пипам тоа сега....
Здраво женски! Мислење за резултатов од хемостаза следна недела имам закажано на трансфузиологија за мислење. Со еден спонтан сум па сега во паника.. Фала!
Мене ми испукаа капилари по цело лице од напор, мачкав хепатромбин и се повлекоа, но сепак консултирајте се со лекар, јас осми месец бев кога се случи тоа и краткотрајно ставав.
Јас ставав, по препорака од општ лекар и лицето дури и мазно ми беше Но откако се повлекоа капиларите престанав, а толку ми беше прошарано лицето од нив кога испукаа, се мислев по дерматолози да фатам да барам чаре, но ете, кај мене лекот бил пет пари.
Од што се појавуваат испукани капилари по лице и тело? Дали ти објасни докторот и дали си примала клексани и по колку?
Не примам клексани, мене ми испукаа на лицето поради преголем напор при повраќање и тоа во осми месец, во прво тромесечје неколку пати повратив и ништо не ми се појави, а досега не ми испукаа капилари ни на нозе, ниту па негде на телото, но морам да напоменам дека имам лице склоно кон розацеа и црвенило, така да ништо чудно и тоа да придонело.
Колку што се сеќавам уште на времето имаше членки од овде што одеа таму кај Кочо Димитров. Лично искуство немам, ама мислам дека се занимава баш со оваа проблематика