До сега немам испитано Д-димери освен еднаш сама на почеток (во ред беа), ама сакам сега да испитам пак на приватно за да сум мирна. 35 недела сум, дали ако се покачени или времињата да не се во ред ќе имам време за терапија до 38 недела, т.е до царски? Кога ги прекинуваат пред царскиот?
Јас секој месец ги проверував редовно се супер. Сега во 38 д димерите рипнале. Примам сега клексани иако појма немам кога ќе се породам. Оставам на Господ како биде, така.
Ве молам за мислење од искуство - дали клексани ви препишуваат од трансфузиологија или од ГАК? На денешниот преглед во трансфузиологија, лекарката ми кажа дека они не можеле да препишуваат клексани на трудници !? Требало на ГАК. Таму подобро ќе ме прегледале и кажеле треба/не треба колку и сл. Сега клексаните ги препиша со друга дијагноза и во тој случај се плаќа за прегледот. Не ми е за 400 ден крвна слика што платив, него што е поправилно ? На ГАК би ме прегледал гинеколог а не трансфузиолог и тоа ме буни ?
Јас сум со мутации. Матичната ми дава приоритетен упат со шифра за трудница и така не плаќам. Ама за термин да ти закаже не може со шифра за трудница, туку обично закажуваат со шифра за варикозни вени, а така се плаќа. Единствена опција е матичната на таа шифра за варикозни вени да додаде и шифра за бременост па така нема да платиш. Инаку да, мене ми препишуваат клексани на трансфузиологија.
Јас се боцкам скоро 7месеци и до сега немам рефундирано цело време на приватно ги купувам од такво маткање натаму наваму транзфузолог неможел гинеколог не смеел имало сега нов закон само на трансфузиологија да ги препишуваат и се откажав ми кажаа во систина да ги боцкам до крај и сега само проверувам ддимери и хемостаза и си ги купувам на приватно
Од почеток на бременост се боцкам и.Од ГАК ми препишуваат клексани по барање на мојата матична.6 месеци до сега нема никаков проблем,парите ми ги рефундираат од фондот
Има некој кој прима повеќе од еден клексан на ден значи повеќе од 0.4? Трансфузиолог препишува два пати на ден што е 0.8, матичен гинеколог вика како ќе каже трансфузиолог така, на гак викаат мн е . Се изгубив сеа кој да слушам 12та недела сум , со мутации, Ддимери 709, активирано парцијално 19.6сек, 27.9 како што сфаќам е долната граница. Другите вредности се во нормала.
@Faith мислам дека трансфузиолог е најстручен за ова. Ако ти вели така, така прави. Да 27.9 е најниска граница, скратено ти е доста. Кај мене е 27.7, не добив терапија. Ќе испиташ секако пак, сега на почеток мислам е најдобро трансфузиологот да го слушаш.
Два клексани на ден ти е најсигурната опција секогаш Јани така ми викаше, таква терапија добив после две неуспешни бремености, генетски мутации, цела бременост со нормални димери и скратени времиња. Слушај трансфузиолог нема да направиш грешка, од прв до последен ден се боцкав со по два клексани на ден еве бебето сега ми е 4 дена
Скратени ти се малце протромбибското и активираното парцијално. Д димерите мислам ти се во ред со оглед на тоа дека си 24 недела. За времињата ќе ти каже трансфузиологот што да правиш.
Јас секако примам клексан бев на трансфузилог во насиот град и ништо не ми кажа рече ке видеш со матичнио
Mene mi uklucija od vcera po dva kleksana na den od damiot pocetok sum so kleksan 0,4 poradi mutacii sega sum 24 nedela d-dimerite mi se 3100 i mi uklucija po dva kleksani
Дали некој од вас беше во понеделникот на трансфузиологија, да пиши дали Јани се врати на работа или уште е на боледување?
Женски во 9ти месец во стомак боцкате клексан? Закачив ковид и ми дадоа клексани. Д-димери ми се 1500.