И мене мене ме интересира дали е почнат или ако знае некој кога би почнал. Минатата недела јас бев само за лабаратороја на трансфузиологија и баш прашав кога ќе дојде ми рекоа дека фатил ковид по 2 пат и нешто ептен му се искомплицирало и никој незнае кога ќе се врати
Мислам дека во темата за генетски мутации некоја членка имаше пишано дека вратен бил, денес бил на работа.
Денес не ми беше стигнат извештајот кај матичната, а она беше прва смена. Ќе видам утре дали ќе препише. Искрено се надевам, зошто стварно нема смисла да не шетаат на сите страни. Ќе пишам утре кога ќе го земам извештајот. Инаку денес примаше со приоритетни колку што забележав.
И мене ми има давано, ама мислам дека од скоро имаат некои измени и веќе трансфузиолог неможе да препишува клексани, само на ГАК
А колку пари е д димери и хемостаза на трансфузиологија со упат од матичен гинеколог со шифра z39 за постпартусна грижа ?
Девојки ми стигнаа резултати. Димери 1900. Парталовски ми рече до кај 1700 сме сметале за океј во 24та недела ама сепак ме прати на клиника да се консултирам за клексани. Искуства?
За такви вредности многу доктори не палат аларм. Ама најубаво да види специјалист. Фактори на хемостаза какви се? Протоци? Бебе како напредува? Лакуни?
@Misskirova Не е ништо страшно по она што гледам. Ама сепак се малку под граница времињата на коагулација. Во секој случај консултација со трансфузиолог е пожелна.
Матичниот ми пишал упат за ГАК и сега чекам тука..стварно нз што да правам...да барам за Трансфузија?