Околу 175-180 денари од парче беше крајната математика после сите одбитоци и партиципација. Ова последно во јуни кога имав исплата. Сега ќе поднесувам два нови извештаи, околу 60 парчиња па ќе видиме. Како и да е во зијан сме, ама друго чаре нема.
Не се истиснува воздухот пред да се аплицира. Така стои и во упатството, јас не го истиснувам, немам никаков проблем.
Здраво, ме интересира дали решението стига во плико или само така лист? Го најдов така без плико, мисла ми е да не ми го има некој отворено претходно..
Јас до сега немам рефундирано а 2 месеци како користам, имам дадено околу 30 000/40 000. Планирам од еднаш да поднесам документи. Цело време еноксапарин купувам како што е во извештај. Околу 2500 ден ми е една кутија. По колку рефундираат за нив?
Enoxaparin rovi gi zimam jas vo kutija odat po 30 parcinja i me kosta 6011 den, koga mi refunduraa poslesniot pat mi presmetaa 176 den od parce.
Прв пат слушам за рови еноксапарин. Што е разликата? Уствари што е тоа рови? Мене ми кажаа дека 70% е поврат.
Женски ве молам за мислење. Димерите ми се 1400 во 16та недела. Граница е до 1290. Има ли некаква опасност, што мислите по ваше?
Границата до 1290 е за второ тримесечје, односно до 26та недела. Најдобро е да консултираш трансфузиолог, може ќе треба терапија.
Здраво, 9та недела сум проверував д-димери, границата во првото тромесечје е до 950, а мене ми се 708.. Матичната ми препиша аспирин од 100мг, дали некоја од вас има примано аспирин
Пред 3 недели беа во ред. Ама еве ако е за хранење на бебето, осеќам дека стомаков ми се зголеми, го гледам, веројатно и бебето си е пораснато. Сега наредно за 3 недели треба преглед, освен ако не рече побрзо да одам. Инаку по телефон сестрата кај гинекологот ми рече до 1800 се трпеле. Ама чекам одговор и од докторот. Дали има врска можда што не сум физички активна? Ниту пешачам многу ниту вежбам. Леле како да издржам дури да слушнам мислење и од него. Инаку се прима клексани или има и орална терапија?
@elenaklasik димерите без хемостаза не значат ништо. За терапија треба тоа да се испита, ако се скратени времињата тогаш даваат.
Активна треба да си барем со пешачење, заради подобра циркулација. Најчесто даваат клексани за покачени д димери ама најдобро е трансфузиолог да ти каже што да правиш и да испиташ и хемостаза обавезно.