Јас го истиснувам воздухот по препорака на медицинска сестра. Во спротивно ми вели може да ми даде отпор при боцкањето, а и голема модрица
Во извештајот од ГАК ми пишува клексан од 0.4 ХХХ ( не пишува точна количина) пр. 30 како што ми пишуваа порано на трансфузиологија. Дали рефундираат пари вака ? Ве молам за одговор на некој кој веќе му рефундирале со извештај "ХХХ"
Со римски е пишано како што ти пишала Ирис, иако според правопис наш колку што знам не се користат римски броеви во вакви ситуации па збунуваат беспотребно. Инаку и мене ми е таков извештајот од ГАК. Нареден месец ќе пробам да земам директно од трансфузиологија, да не губам за џабе време на двете места.
Мене ми се скратени и повеќе и покрај тоа што примав аспирин преку еден ден и клексан секој ден. Последно аспирин секој ден и клексан, па сега би требало да правам контрола. За сега нема проблем бебе супер си напредува, имам по некое лакунче. Примаш ли ти нешто терапија?
Не е страшно. Со вакви гранични вредности може и само преку еден ден аспирин, а може и ништо со препорака за контрола.
После колку време од поднесени документи исплаќаат за клексаните? Во ФЗО во систем стои одобрена сума и предметот завршен, ама решение и исплата не сум добила а поминаа 2 месеци.
Не се многу скратени, гранични се вредностите. Ако е сè во ред со бебка и протоци, мислам дека нема да вклучат терапија туку ќе ти закажат контрола за месец дена.