Обично за 20 дена исплаќаа, ама сега и мене абер немаат оддамна да ми исплатат. Детево ми порасна веќе. На кој број прашуваш дали ти се одобрени?
Мајка ми била да праша лично. Проевериле во систем и кажале и сума и дека е завршено.. а од решение и пари абер нема. Ваљда ќе пуштат, ако знае некој број на кој се јавуваат нека сподели да досаѓаме и така. Ова ко со бебињава испадна, ако не заплаче не го земаат у раце.
023289083 јавете се на овој број прашајте, јас последен пат кога прашував добив одговор "очекувајте овие денови да ви пуштат" а законски било во рок од 30 дена
Девојки имам извештај за клексани од 19.9.2022. Ако купам клексани околу 25.10.2022 година, фондот ќе ми рефундира или нов извештај треба.
Јас 8 месеци рефундирав без проблем, ама кога дојдов до последната тура за рефундација ми се падна предметот најверојатно кај најнеспособната во цела институција па ме малтретираше 2 месеци за на крај трансфузиологот на истиот извештај да пише со пенкало само ДА ПРИМА КЛЕКСАНИ ОД 25.10 (датата на фискалната ) пример во твојот случај и да стави потпис и печат
Треба да купиш онолку клексани колку што ти е пишано на извештајот, ако земеш повеќе ќе ти треба нов извештај
Значи иако ќе ги купам после 30 дена од денот на извештајот (се работи за ИВФ), нема да има проблем за рефундација.
Мене последниот пат ми направија проблем дека имав купено 5,6 дена пред да ми препишаат 30 инекции. И не ми ги рефундираа.
Да, незнам ама многу е после.. речиси цел месец. Јас би те советувала да земеш нов извештај ако можеш пошто си бараат ситница за да не рефундираат ко шо ми изгледа.
Здраво девојки дали знаете ако земам упат од мат гинеколог за ддимери и хемостаза само за лабораторија, дали тој ден докорот што е во амбуланта ги чита резултатите и пишува терапија( за трансфузиологија на државна Скопје)
И мене ова ме интересира. Проверувате димери и хемостаза на трансфузиологија и после со резултати на ГАК одите, кај матичен или кај трансфузиолог?
Јас одам кај Јани прво , он ми дава упат за што да испитам и после пладне кај матичната имам извештај со мислење за резултатите од крвта.
Здраво девојки мачкате нешто локално по боцкање со фраксипарин? Лом ми се рацете цела сум во модрици дури како топчиња ми се направија на рацете оток,модрици.. лом
Можеш хепатромбин , во меѓувреме одмори ги рацете боцкаај во нога и после менувај секој ден различни места и нема да ти се прават модринки.
Тоа што е веќе појавено како модрица и топче само со хепатромбин и ќе помине за неколку дена. А за во иднина пред да се боцнеш држи нешто ладно на местото околу 20 сек и од ко ќе се боцнеш исто околу 20 сек држи ладно и нема да ти се појави модрица. Јас држев од оние малине амоњаци што се