Здраво девојки. Се случило ли кај некоја, после боцкање на клексан, од местото на убодот да протече крв?
Да, мене ми се случи пред некој ден, се боцкам сама во стомак. Ама за чудо не испаничив, се утешив дека се случува и тоа. Немам никаква последица, не се грижи
Добро е не сум само јас и јас боцкам во стомак, модрици ми излегуваат ама крварење до сега сум немала па затоа се уплашив. Фала ти.
Спојлер Дали е нормално волкави модрици од фраксипарин? На дежурен ми кажаа да се консултирам со трансфузиолог мачкам хепатромбин ама џабе..
Нормално е. Ми се случувало. Си боцнала крвен сад и искрварил поткожно. Мачкај хепатромбин, ќе пројде.
Сама се боцкааш? Мене повеќе на едната нога ми се направи модрица али не волкава и јас знам дека ми е затоа што лошо се боцнав на таа страна. Сум погодила крвен сад. Пробај кога боцкааш прво аспирирај (повлечи го шприцот) да видиш дали ќе има крв па после вбризгај ја течноста.
На дежурна служба се боцкам они ми кажаа да не сум се мачкала со хепатромбин и да сум консултирала трансфузиолог ради тоа што гинеколог ми ги препишал фраксипаринот..и сега незнам што да правам
Не,не се боцкам сама на дежурна служба ме боцкаат.Затоа и се исплашивме со сопругот и моите се испаничија ипак нели стручно лице боцка . Имам блиски што се боцкале и они се зачудија едната се боцкаше пред неколку години а другата сега во скоро време викаат и ние сме помодрувале ама волку не.
А зошто не се боцкаш сама? Хепатромбин не се мачка одма после боцкањето ама после по некое време можеш и модриците ќе си врват, ова мене од трансфузиолог ми е препорачано.
Неможам дома такви сме со мм малце паничари И ја не го мачкав одма после по некое време како што ми рекоа во тенок слој и така правев .
И јас паничев на почеток и сум човек кој многу се плаши ама се навикнав и сега најубаво си се боцкам сама, на почеток лом се правев, а сега ни модрица ни ништо
Мене кога ми ги ставаа во Ремедика на почеток лом бев од модрици, ги ставаат многу брзо и во месо а мене трансфузиологот ми кажа дека се ставаат што поткожно во мекото ткиво и бавно. И ние сме паничари со маж ми ама си се навикнавме пошто две бремености од прв до последен ден ми се со клексани и искрено многу малце модрици ми се прават кога дома ги ставам
Прашањево не е за бременост но е за ддимери. Намалени ддимери, под 150, а зголемена вредност на тест за тромбоцитна агрегација. Што би можело да укажува?!
Поретка крв и ризик од крварење. Мислам дека треба да се земаат суплементи за јакнење на крвта но сепак трансфузиолог треба да си каже
Фала мама.претпоставував дека е нешто такво. Ќе одам на трансфузиолог со приоритетен, зе надевам ќе ме примат. Во бременоста и после породување примав клексани. Ама помина една година од тогаш.
Иста сум.. Лом кога си ја видов раката у огледало се извадив од памет од толку што е модра. Е да и мене така ми ги ставаат многу брзо буквално само колку да ме откачи..Ми напоменаа само да се консултирам со трансфузиолог ама термини за трансфузија читам дека нема сте биле некогаш со приоритетен таму ?
Јас си закажувам кај Јани Ангеловски види на мој термин пуштаа термини и штом видиш јави се кај матичниот општ да ти закаже ама со друга дијагноза. Јас идам со дијагноза варикозни вени. Незнам дали општ може да издаде приоритетен упат, до сега со редовни упати идев а знам дека матичен генеколог неможе да издаде упат за на трансфузиолог, забрането им било