Да ќе ти рефундираат. Ако се купени после датумот на извештајот е ок, ако се купени пред, тогаш е проблем.
Ми треба совет од вас. Бев денес на ГАК за извештај за клексани и специјализантката беше многу посветена што резултатите од мутациите детално ми ги гледаше и заклучи дека јас не треба да примам клексани иако на извештајот од Јани си пишува препорака за клексан во наредна бременост. До сега не сум имала проблем за извештаите и ми ги давале за 30 дена. Докторкава денес ми пиша извештај ама само за 10. Јас во понеделник секако имам закажано димери и хемостаза на трансфузиологија ама маката е што ем нема термини кај Јани за да ми ги види резултатите, ем се плашам дека нема да сака ни мислење да ми даде веќе зошто нели забрането им е. Секако мислев со резултатите да одам во Ремедика, таму на трансфузиолог и да се консултирам со гинекологот што ме води па и со матичната. Некој слична ситуација да не имал? Стварно не знам што да правам, ко пинг понг топче се осеќам некогаш, од едно на друго место те препраќаат, им се косат мислења и не знае човек што да прави на крај...
И сама велиш дека специјализантка ги гледала резултатите, сигурно нема повеќе искуство и знаење од Јани така да земи го со резерва нејзиното мислење. Може и од несигурност ти пишала само 10 клексани. За кај Јани земи приоритетен упат па пробај си ја среќата, не верувам дека би те вратил.
Јас воопшто не се согласувам со нејзиното мислење и секако би го слушала Јани само да стигнам некако до него, зошто сите термини му се зафатени. А и секако пак ќе морам на ГАК да одам за 10 дена па мака ми е пак да не прават проблем. Во краен случај приватно ќе ги земам.
Целата ситуација е да не го оптеретуваме фондот затоа и вака сите ги малтретираат зошто реално колку трудници има и колку луѓе што прават операции и примаат клексани и треба да ги рефундираат особено со ковидот ептен го оптеретија фондот, но тоа е нивни проблем не наш. За да си немаш нервози ако си финансиски спремна земај ги на приватно и терај цела бременост со приватниот гинеколог они се по упатени за разлика од матичните. На ГАК се специјализанти и се учат а тоа дали ти би имала последица или не, ги заболе нив. препорака не ги слушај од гак зошто се живо е не писмено.
Јас незнам која е таа специјализантка што се осмелила да го побие извештајот на Јани. Прво она е генеколог а Јани е трансфузиолог а второ никој неможе да му парира на Јани, он има баш за тоа истражувано за тромбофилични состојби кај бремени жени. Стручен, посветен и пред се хуман човек. Мој совет појди си друг ден кај друг доктор да ти пише или појди во Понеделник во амбуланта кај Јани и замоли го да ти ги види резултатите, мислам дека нема да те одбие
@Brpbrp @mace89 Фала ви и на двете. До сега не ми направиле проблем на ГАК ама ете денес така ми се погоди. Со резултати од хемостаза и димери ќе одам на приватен трансфузиолог и со Котларова ќе се консултирам секако она и ми ја води бременоста (и меѓу другото скроз се држи до терапијата на Јани и од почеток ми вика обавезно да си ја примам). Па или ќе пробам пак на Гак или приватно ќе зимам. А во меѓувреме ќе следам термини кај Јани.
Дали некоја оди кај Елена Петковиќ? Имате инфо дали оди на работа? Гледам има термини во октомври, ама само еден ден во октомври.
Девојки поднесов за рефундација за клексани. Сите од еднаш, околу 120-130 за последниве 3 месеци и кусур. Кажете ми тие што имате искуство, за колку време исплаќаат, дали ги исплаќаат сите од еднаш или ке ми ги исплатат посебно на месечно ниво? Друго видов дека имало некои промени, исплаќале помалку отколку претходно (искрено немам искуство до сега и не знам), а тој на шалтер што ме услужуваше ги испомеша сите документи, салата ги направи и ништо не ми објасни. Фала ви.
Инаку, димерите за нецели 5 дена, првите два дена со клексан, останативе 2х1 фраксипарин паднаа од 7300 на 4300 . А ги прекинав само 3 дена, односно во 38 недела.
Одеднаш ќе ти ги исплатат и да не враќаат по 200 ден ко што им е референтната цена туку одбиваа нешто не ме фаќај за збор што беше и доаѓа некаде околу 180 ден по клексан
Фраксипарините ги купувам 211 ден. од фонд ми враќаат 101 денар од инекција, и на вкупната сума одбиваат 350 денари партиципација. Јас отприлика чекам сигурно 2 недели.
Фала ти , јас од сега од 39 недела почнав фраксипарин инаку до сега користев клексани. Многу голема разлика во поврат на средства од клексан и фраксипарин
Јас од вчера имам извештај од трансфузиолог и ги купив клексаните,се јавив и реков и на сестрата и на матичната.Денес ми се јавуваат ми викаат зошто не сум купила само 1 рецептата нема да се поклопувала со датата на купено и извештајот
Кога ти е датата на извештајот а кога ги купи (датата на сметката и сметкопотврдата)? И колку пишува на извештајот количина а ти колку зема?
Мислам дека е океј тоа. Дека ако претходно си ги купила е проблем ама ако извештајот и сметката се од ист ден би требало да е ок. Не памтам точно ама мислам и јас имам ист ден купувано. Нека каже и друга некоја членка. Не знам зашто би правеле проблем. Проблем е ако пред извештајот ти се купени.