Мене на почетокот кога почнав да ги примам ми ги имаа пишано како клексан, ама во аптека ги имаше само фраксипарин па така ги почнав тие. На потврдата за рефундација што ја дава матичниот гинеколог ќе напише фраксипарин и ќе нема проблем. Барем јас така си ги рефундирам секој месец
Функцијата е иста, генериката е различна. Плус некој мислам дека пишуваше тука дека и дозирањето е поинаку со едниот и другиот лек. За во фонд јас до сега секогаш сум поднесувала со лек од иста генерика. Сепак најубаво консултација со трансфузиолог и фондот за рефундација
Valjda do sega si videla nekoj post za ova...mislenje od transfuziolog, potvrda od maticen dekA se primeni i fiskalna i smetkopotvrda i kopija od transakciska
Здраво Дали некој знае кој ден има амбуланта Др.Јани Ангеловски на Трансфузиологија? Благодарам однапред
Де војки ке може некоја да ми ги прочита резултатите, матичната рече не се лоши,ама сега гледам некои благо изместени вредности.
Супер ти се. Активираното парцијално и тромбинското се минимално скратени ама тоа нормално за овој период од бременоста.
Здраво на сите Што мислите за вредност на Д Димери 660 во втор триместар, дали се во нормала или нискички? На наодот се као од 0-500...но нели во бременост има разлика. Минатиот месец ми беа 960. Бидејќи не примам никаква терапија незнам од што се симнале, сестрата на Трансфузиологија му спомнала на мм демек дали прима терапија некоја не треба да се симнуваат туку треба да одат во нагорна граница и као совет да се консултираме со Др. Јани. Оти матичната ми е "нема и глува" за овие работи, секако ми служи само за упати и боледување... Па додека одам на контрола наредна недела кај докторот што ме води... Ме интересира да си бидам ли мирна или да вадам упати за кај Др. Јани... Но со многу ризична бременост сум па да не се мавтам по патишта за бадијала ако си се во граница и така не сум од Скопје
Здраво, во моментов сум 25та недела, денес добив резултати за хемостаза со отстапувања од вредностите (освен за PT). Крвна слика си е уредна. Дали некоја добила слични резултати и примала терапија, и нешто превентивно? Прва бременост ми е, до сега си беа уредни вредностиве, ама сега гледам дека се јавиле отстапувања. :Протромбинско време (PT)[сек]{9,8(13)14,2} : 10.1 :Активирано парцијално[сек]{27,9(33)37,7} : 23.6 :Тромбинско време (TT)[сек]{16,1(22)24,1} : 15.4 D-димер[ngr/mL]{0-500} : 560
За скратени времиња сум се боцкала иако димери ми беа ниски секогаш. Ако можеш, консултирај се со трансфузиолог.
Дали можам рандом да си отидам на трансфузиолгоија да се консултирам? Или приватни да барам само за консултација? Општиот матичен стандард си кажува дека си е океј, се тоа било нормално во бременост, мада не можам да оставам вака, макар нешто да ми дадат и превентивно ако треба.
На Трансфузиологија за да се видиш со доктор, треба термин да закажеш. Превентивно не би ти дале ако нема индикација, но можеш ако сакаш за мирна глава комбинација консултација со гинеколог и со трансфузиолог да направиш. Гинеколог да види протоци, постелка, напредок на бебето и потоа консултација и со трансфузиолог. Нормално е во бременост да се скратуваат времињата.
Тромбинското е гранично, не е страшно. Активираното парцијално е доста скратено, треба да си консултираш трансфузиолог да ти каже што понатаму. Не е ништо страшно ама треба да се следи и ако е потребно да се вклучи терапија. Ако не ти се чека за термин, земи си приоритетен упат за Трансфузиологија.
Мајки и идни мајки јас да ве прашам крвна слика и уринокултура дали правевте секој месец? И каква крвна слика правевте? И дали со упат од матичен за во државна или приватно?
Ти одговорив во другата тема. Инаку, д димеритр немаат врска со крвната слика, тоа си е посебна анализа.
Со упат од матичен не плакаш ништо или плакаш минимално и во приватниве бидејки си трудница. Мислам дека не испитував секој месец,можеби на два така некако,ама само основа крвна , димери само двапати до сега.