Moite se 190jas i ti sme tuka nekade den dva razlika. me cudi i pokraj niski d dimeri maticnataa zapnala za kleksani da primam zaradi mutacii,a transfuziologot so aspirin preku den.duri mi e strav da ne napravam nekoja belja
За боцкање не се гледаат само димери, и времињата на коагулација се важни. Јас боцкам секој ден Фраксипарин 0,6 и пијам Аспирин два дена па еден пауза. Според димери не треба да боцкам, но имам скратени времиња, а и мутации. Тебе како ти е хемостазата?
И мене ддимерите и крвта ми е во ред според тоа Јани пред еден месец дури и сакаше да ми го прекине клексанот али со мутации сум и докторката Петрова од Ремедика на скриниг ми кажа постелката укажува на тоа дека има потреба од боцкање, кога му го кажав ова на Јани ми кажа штом така продолжи со клексаните.
За мутации потребни се клексани најчесто на почеток на бременост кога не е оформена убаво постелката за да може на ехо да се види протокот на крв, се понатака кога ќе може да се види на ехо може и да се прекинат или пак дасе зголеми дозата. За да се направи крварење од разредена крв треба хемостазата да биде над дозволеното, а тоа е премногу ретко и не се стига така лесно. За димерите можат да бидат и 2000 за трудници и до 30 000 ги толерираат али се додека хемостазата е во нормала.
Здраво Оли Како се испитуваат овие времиња на коагулација? И мене димерите ми се 200 ама сум 7недела и ми прекинаа клексани ми дадоа само аспирин
Ќе предложи докторот да провериш ако нешто забележи на ехо според постелка, протоци, развојот на бебето, ако имаш отоци итн.
Може мислење матичниот вика ок е,ама ја некако не сум мирна.Нели се скратени времињава што ве читам тука? Да си фаќам јас патот под нозе кај трансфузиолог или? 19+ сум
Ако можеш оди на трансфузиолог да те ѕирне. Во твоја недела се гледа и протокот веќе ако не е отежнат и ако бебе одговара за неделите може и да не треба да примаш.
Ти благодарам на одговор.Матичниот рече ок е протокот,имам лакун еден на постелката и бебе се храни добро вика и една недела е понапред со мешето.Другата недела сум на скрининг кај Димчев па ќе видам што ќе рече,нема да е проблем да почека една недела?И термини за на трансфузиолог исто нема неделава дури 18ти таму
Скратени се, мислам да се консултираш со трансфузиолог, ќе кажеш и лакуни дека имаш. Порано пуштаат термини на Трансфузиологија, освен ако не си од Скопје.