Проблем не ми правеле ако купам од датумот на извештајот па натаму. Важно е бројот на инекции да не се надминува (може помалку да купиш од бројот на инекции во извештајот) и да не се купени пред датумот на извештајот. И јас имав инекции претходно купени на приватно и сакав прво нив да ги потрошам, па потоа почнав да купувам со извештај. Сите инекции ми ги рефундираа.
Нема да ти направат проблем. Скоро сите извештаи така ми беа, сите клексани ми ги рефундираа. Матичната само ќе ги напише на потврдата точните датуми од кога до кога си примала. Во твојов случај едната потврда ќе биде дека си примала до 12ти февруари, а следната ќе почнува од 13ти, без разлика што извештајот ти е земен на 10ти.
Јас бидејќи се боцкав цела бременост и не можев да чекам да ми издадат од ГАК извештај за 14 клексани си купував унапред и имав за боцкање. Еден месец се случи да ми издадат извештај т. е. беше пратен кај матичната за 14 дена арно ама јас имав веќе купено и требаше повторно да купам на посчедниот ден на извештајот онолку колку што пишуваше во него 14. Ми рефундираа само 1 клексан кога прашав зошто одговорот од надлежната од горниот спрат во социјално беше дека не се совпаѓаат датумите. Ти вика тебе ти се дадени од тој датум како ги земаш на последниот мојот одговор и беше јас не можам од клиника да чекам одговор јас имам извештај од трасфузиолог дека морам да ги примам до пораѓај ама нејзе не ја интересираше. Муабетот ми е може и да не направат проблем да прогледаат бидејќи на почетокот не ми правеа проблем ама после почнаа. Тебе не ти направиле ете проблем ама може некогаш дати направат да знаеш.
Во право е Оли. Тебе можеби ти се поклопиле датумите од извештаите и затоа така ти излегло. Или пак потврдата за апликација на клексани што треба да ти ја даде матичната ти е утната, ако ги препишала само датумите од извештајот а не од сметкопотврдата кога си ги купила. Никогаш не сум купила јас клексани со датум од извештај ама не сум имала проблем за рефундирање.
Сигурно не ми прогледувале, сепак рефундирам во последниве 6-7 години, што за инвитра, што за цела прва бременост, што и за вторава. Којзнае колку извештаи имам поднесено на ваков начин Сигурно друго било проблемот кај тебе. Сепак, како што напоменав погоре, важно е да се купени од датумот на извештајот па натаму, да не е надминат бројот на инекции и, ме потсети @Thinkerbell., потврдата од матичен да биде со датуми како што треба.
Јас од ноември чекам. Во фонд директно бев да прашам, ми кажаа одобрено дека е, а за исплата не знаеле кога. "Ќе биде" ми рекоа поконкретно
Девојки што мислите за резултатите.Ддимерите ми се 1490, за еден месец ми се имаат многу покачено (претходниот месец ми беа 660), времињата исто ми се скратени.25та недела и 1 ден сум.Дали би требало да примам клексани? Претходната бременост цело време бев со клексани, ама главно поради тоа што бев со инвитро, па сега не знам како би било.
Zdravo majki, Da ve prasam kolku vreme ste cekale za refundacija na kleksani?Podnesov na 23.12 i seuste nemam nikakov odgovor. I ako znaete kade da prasam za refundacija?
Zdravo mamicki Bremena sum 28nedeli denes ispituvav d dimeri i mi se 2017 maticniot rece okej se.. Jas spored citanjeto tuka mi e na misla dajte mi sovet vas..
Истиот ден. Ако си била наутро, после 14-15 часот се готови. И зависи за каде прашуваш, ова за Трансфузиологија во Скопје пишувам.