Да, го видов ова, само некако евтино ми се виде, си викам дали им е ажурирано со оглед на тоа што секој ден се се покачува
Не земам ни јас здраво за готово ниеден ценовник деновиве. За било која услуга на приватно. Пример скрининг во Ремедика читам една членка 5700, друга истата недела 5900, 200 денари, ама зошто? Логиката? За сигурно, јави се прашај и одма тркнувај додека не качиле
Апсолутно, ќе им свртам во понеделник и ќе идам, колку е толку е, за упат многу ми е комплицирано, а и нема шанси сега да се мафтам на клиника.
За цените, конкретно Ремедика, за породување кога прашував ме прашаа кај кој доктор. Затоа и различни им се цените препоставувам за една иста услуга
Здраво,да ги замолам поискусните за мислење....24+5 сум...препишани ми се 14 клексани поради скратено aPTT-22.6,работата е што се косат мислењата со гинекологот и трансфузиологот,гинекологот смета дека е нормална вредност за во бременост и да не примам клексани? Некоја со слично искуство?Со вакви времиња,сте примале не сте примале? Не сум паметна
Што знам што да ти кажам. Јас немам проблем со димери, скратени ми се две времиња и боцкам од почеток до крај иако пишува на извештајот дека се резултатите според состојбата.
Во Биотек, мене крвна слика, мокрача плус хемостаза и ддимери 2850 вкупно се. Само тоа мислам беше 1900. Некако евтино ми изгледа сега :Д како е со цени на други места? Јас само таму имам испитувано.
Значи и ти ради времињата примаш ...какви ти се вредностите?И со терапија се качуваат или само ги одржуваш?
Јас бев во слична ситуација. Цела бременост ми беа скратени времињата. Трансфузиолог ми рече да примам цела бременост, гинекологот негодуваше, но поради фамилијарна историја на тромбоза се согласи да примам. Трансфузиологот рече до два дена пред пораѓај да примам (требаше царски да биде), а гинекологот до 36 недела. Подолго од тоа не се согласи и ми рече ако продолжам нема да ме пораѓа тој, да си најдам нов доктор За прекин на клексаните сепак го послушав гинекологот. Протоците ми беа добри цела бременост.
Да, да и во првата бременост и сега поради скратени времиња примам. Инаку, димери 600-700 ми беа на крај на првата бременост. На последнава контрола во декември бев 16-та недела, а времињата ми беа Протромбинско 10,4 (9,8-14,2) Активирано парцијално 23,7 (27,9-37,7) Тромбинско 15,1 (16,1-24,1) димери 298 Само првото ми е во граници.
Јас имам едно глупаво прашање 23+5 сум и на резултатот од хемостаза скратени ми се активираното парцијално 24.5 и протромбинско време 9.4. Е сега сакам да побарам упут за да ги види резултатите трансфузиолог. Како оди со термини некаде читав дека давале приоритетен за гинекологија ама не знам баш ми е збунувачки
Самата бременост физиолошки е хиперкоагулабилна состојба и во бременост малку намалени времиња, не се ништо страшно. Освен ако има други ризик фактори, претходни истории, фамилијарни предиспозиции. На последниве конгреси, изенесени се ставови за никаква поврзаност дека клексаните ќе ја променат состојбата на времињата.
Извини,а како ти изгледаат моите времиња?Ако го виде резултатот погоре.Еве го и мислењето што го пишал Др баш како што и ти викаш....а бев за кумбсов па ај и ова да испитам немам индикации,мутации(првата бременост ми беше ин витро и тогаш примав повеќе ради претпазливост).Пред два месеца коа бев истиот ми рече дека нема потреба сега да примам со природна бременост ама ете.....
Јас не сум гинеколог но исто како тебе во претходно инвитро бременост и заради подобрување на циркулација примав фраксипарини, од гинеколог, трансфузиологот не се мешаше, си внесуваше терапија по индикација од гинеколог. Овој пат гинекологот реши дека добри се протоците и засега не смета дека треба да примам. Сепак тој те гледа и на ехо и ве следи со бебето, јас никогаш не се сомневам во стручноста на докторите и што и да ме советуваат-примам. За димери кога прашав ми рекоа, по нови студии не ни ги менуваат времињата, и еве минатата моја бременост од почеток до крај ми беа скратени времињата а примав фраксипарини до околу 4-5от месец, потоа не.