Мене ми е 22.6 трансфузиологот ми пиша 14 клексани,а гинеколозите кажаа нема потреба нормално било за трудници ,исто сум на мисла кого да послушам и уште не сум купила клексани
Резултати од клексани би почнала да имаш после најмалку 20 дена. Подобро почни зошто после тоа го одложуваш времето ако не дај боже се скратат понатака повеќе. Не ме разбирај погрешно но доколку после тие 14 ти се врати времето во нормала ќе ги прекинат.
26+2 ќе одам за некој ден пак и ќе видам дали има промени па ако паѓа уште ќе земам,@Brpbrp не ми е проблем да боцкам,само ме бунат тие различни ставови ...со првиот пораѓај едвај ме сошија ради клексаните многу крварев,а и тогаш различно мислеа трансфузиолог и гинеколог .Стварно ми ствара немири се ова....
Епа тоа ми е а од друга страна ми е шубе не дај Боже да не си направам беља....Имаш ли некој податок за вредности на времињата во бременост?
Само тие што се на резултатите конкретно за аптт пишува најнискп 27.9. Мене со 21.8 ми е препорачано да се следи дополнително. Колку што знам опаѓаат времињата со напредок на бременост за да не дојде до крварење на породување. Ама која е границата по тромесечија не знам
Можеби порано ќе ти ги прекинат овој пат за да немаш толку крварење до 37ма недела имаш уште доста време. Гинекологот гледа на ехо протоци и бебе како напредува, гинекологот ќе ти даде клексани дури кога би имала лакуни и заостанување на неделите со бебе, трансфузиолог гледа резултати и превенира да не дојде до тоа, зошто ти со вакви резултати не можеш да имаш крварење бидејќи е веќе погуста крвта. Затоа имаат различно мислење гинеколози и трансфузиолози.
Јас во 32+4 правев хемостаза и ддимери и единствено ми беше скратено аппт 21.7,а ддимери 1660.Во консултација со трансфузиолог ми беше посочено дека за оваа ситуација не сум за терапија, но ми предложи проверка на протоци. Тие се во ред, бебе добро напредува, но прв пат ми се појавија лакуни на постелка и 2 степен на зрелост. Консултирав тројца гинеколози и сите се на ставот дека ради лакуните или евентуално лоши протоци, се препорачуваат клексани. И еве се боцкам еднаш на ден, со доза 0.4 ml, во период од 14 дена
Ете тоа и мене ме загрижува да не дојде до такво нешто,баш како што кажа погоре и @Brpbrp дека трансфузиолозите превенираат да не дојде до такво нешто,а гинеколозите одкако ќе се појави потоа препишуваат терапија.Значи лакуните и зрелоста на постелката дефинитивно се последица на ддмери и хемостаза?Стварно не се разбирам .Сега како си,има промена?
Кај мене скратеното аппт е последица од лакуните, така барем ми посочија докторите, бидејќи др параметри од хемостазата се во ред. Јас пред две недели бев на преглед кај матичната и немаше лакуни, барем не ми ги спомна. Но, друг гинеколог ми кажа дека за период од две недели и те како можат да се појават. Е сега не се многу кај мене, па се надевам дека функцијата на постелката ќе биде ок до крај. Клексани примам неколку дена само, за двд недели треба контрола да правам
Мене минатиот месец ддимери 1200 и нешто и скратени времињата,ама ок си беше со протоци со бебе се. Ама тогаш многу повеќе лежев од кревет не мрдав. Овој месец се раздвижив излегував колку можам да шетам и на сонце да се печам,и ддимерите паднале сами од себе на 700 и времињата ми се средиле сами. Инаку сега сум 31+4.
Ете и тоа има влијание...не е правило дека постојано ќе се качуваат ддмери и паѓаат времиња,баш ги гледав резултатите од претходната бременост со терапија резултатите ми биле приближно како сега без....Дај Боже да е се како треба ако треба и ќе боцкаме.Ти без клексани си?
Да без клексани сум,не сум ни примала некогаш. Само на почеток на бременост до 13 недела пиев кардиопирин,ваљда за подобра циркулација нешто. Ама ете движењето многу помогна кај мене,сами од себе да се средат работите без терапии. Не дека ке примав докторот рече и така дека е ок зошто добри протоци имаше се беше ок ама пак интересно е дека се средиле. Имам еден лакун на постелка плус ама не е страшен,ни за тоа не примам терапија.
Здраво, случајно да не имате податок дали Др Јани е утре на работа? На шалтер ми кажаа дека бил на боледување две недели, не знаеле дали се враќа овој понеделник... Поздрав
Здраво девојки, имам една молба. Дали некоја има да ме услужи со дваесетина апчиња метил фолат од 1000мг на NOW. Ги чекам од iherb да ми стигнат, чим стигнат одма враќам, да не купувам од тука прескапи се, а веќе ми се нарачани две кутувчиња. Ви благодарам