Веќе скоро 7 месеци си се дружиме со по еден Клексан секој ден но денес со по 2 Д-Димери се 634 и времиња во ред но Докторката сигурно ми ја качи дозата ради високата граница на проток до утерината и 2 лакуни што имам...Рече до понеделник да се види ехото какво ќе е и ќе одлучи тогаш дали ќе тераме по 1 клексан или по 2 и плус аспирин... Не прашав кое време да го пијам Аспиринот но ќе го пијам на ручек зошто сабајле и навечер ќе боцкам Дали некоја од вас примала по 2 клексани? 26+3 сум...Страв ми е да не се разреди многу крвта но Трансфузиологот чим вика така така ќе терам тоа е...
@pile30 јас и по 3 Клексани сум боцкала немај гајле.. Кога сум ставала по 2 Клексани и пиела Аспирин, ми дале совет Аспиринот да го пијам измеѓу Клексаните на точно определено време, значи 6ч од примениот тој наутро!
Jas ne bockam veke kleksan.Za nekoj den treba da odam da proveram pak.Se nadevam ok se, pa da ne mora sega na kraj da pocnam pak.Skapav od bockanje 8meseci
@pile30 колку што знам аспиринот се пие по оброк, значи после ручекот. Ако има некој различна информација нека пише. Мене др така ми кажа.
Правилно е пред јадење - на гладно. Ама мене така ми правеше проблеми, па ми смени докторот по јадење да го пијам.
Јас веќе 7 месеци го пијам навечер зошто насабајле се боцкам со Клексан.Е сега се боцнав во 10ч.сабајле Клексан во 16ч.Аспирин и 22ч.Клексан...Презакажав за утре преглед кај матичната да видиме што како е...Испаничена сум гледам да се смирам но тешко ми иде...Господ само со нас нека е...
Куклa имa прaвo. Аспиринoт oд 100mg прaвилнo е дa се пие нa глaднo пo мoжнoст нaутрo aкo не е пoинaку препoрaчaнo oд лекaр.
Јас така го пиев, ама ептен ме јадеше желудник и на своја рака го прекинав.. После ме искараа и трансфузиологот и гинекологот. Ми рекоа поголема штета е да не пијам и ми сменија да пијам јадена. И јас пијам сега навечер во 9.30 и после си спијам, па немам мака. Сменив боцкање со клексаните - сега тие се сабајле, а аспиринот вечер Колку му се радувам дека за недела две ќе биде аут!
И во упатството на Аспиринит си пишува дека се пијат на гладно, наутро. Секако се прават исклучоци како кај кукла на пример. Знае да прави проблем на желудникот.
Незнам прочитав лоши работи што хаварија може да се деси и ми влезе страв во коски А и башка ко тежина осеќам и на моменти стегање ко згрчување на стомакот....на моменти бебе мрда лево или десно ко топка ми се прави и ко ме грчи.а еве сега осетив ко појака болка и во ист момент ми закркореа цревата а испразнета сум од сабајле и вчера...ама тежината ме плаши го осеќам стомакот ко да не сум одена во тоалет да сум пуна и гасови е баш така..
Дa кaкo и зa секoе другo aпче пoстoи oтстaпувaње сo oдoбрение oд лекaр. Терaј кaкo штo ти рекле и не мисли нa нив, мaлку oстaнa зa дa се збoгувaте
Има денови кога и јас се осеќам така. Имам потреба да ждригнам, да одам во вц да се празнам, полна гасови, а ништо не излегува. Мислам не е никако врзано со клексаните ова. Кога се осеќам вака си легнувам и едвај фаќам позиција - врти лево, врти десно и ќе се олабави по некој час одмарање Сите кажуваат да се внимава на времето. Оптимално е 12ч разлика аспирин со клекасан. Ова ми е кажано и од гинеколог и од трансфузиолог. Прв пат слушам на некој да му рекле нема врска едното со другото.
Да, баш и дури ги примав инексиите тука ми кажавте така тој друго советува.. Секој различно работат ова докторите. Да незнај чоек кој да го слуша
@pile30 не читај се и сешто. Сама си правиш стресови. Јас сум многу помала недела од тебе, не сум на клексани , па сега последните денови кога рипна мешко почнав да го чувствувам затегнан, ми прави некој притисок, а бебка е 100гр, имам гасови и се што наведе. Не е до клексаните и протокот. Нормални симптоми се ова. Сега дека анализираш се, па со ставаш на мисла. Се ќе биде добро.
@kukla21 10 дена по породување. После имав контрола. Ддимерите ми беа 700 ама Елена рече во ред е зошто времињата беа супер. Аспиринот по правило се пие наутро на гладно. 12 часа мора разлика меѓу аспирин и клексан. Ајде кукле ке се спасиш од аспирин. И мене ми беше мака го пиев и неколку месеци пред бременост . До 32ра нед. @pile30 јас пак воопшто не мислев на такви работи иако читав, не ме исплашија оти ми беше влезено во глава дека ми се дадени за да се роди јуначето Така мисли и ти. Не се будали докторите те следат.