Девојки ај помош која се разбира да ми каже какви ми се резз(додека отидам на трансфузиолог) ништо не ми е јасно
Девојки бремена сум 3.6недели и почнав од вчера веќе фраксапарин 0.4 Закажав за ддмери и хемостаза во пон за извештај и препорака дека треба да примам цела бременост поради претходните абортуси. (Ова ми го кажа гинекологот ама немам извештај од него треба ли да набавам? ) може ли да ми направат проблем на гак и трансфузиологија да не сакаат да ми дадат таков извештај за да рефундирам низ цела бременост? Имам мутации но не за тромбофилии
А примаш нешто терапија? Прави си контроли за да следиш дали ќе се промени ситуацијата со резултатите.
Примаш терапија немаш гајле, кај мене со прва бременост беше веќе од 5ти месец скратено активно парцијално 24 ми беше до крај и останав цела бременост на клексан од 0.4.
Јас баш во ништо не се разбирам од темава уствари тоа скратено активно парцијално треба да е високо или ниско? На што точно укажува? Нешто плус да научам
И кај мене слични беа резултатите на почеток. Потоа се скратија времиња, а димери досега максимум ми се качија околу 750, утре сум 35+. Но нормално е во бременост да се кратат, така организмот се штити.
Најниско треба да е 27 тоа ти го пишува и на резултатите. Но тоа е проблем да кажеме доколку не примаш никаква терапија. Сепак веќе кога се гледа постелката, протоците се гледаат и резултатите од хемостаза па ќе одлучува гинекологот што понатака.
Аууу мачно е толку често, ќе скренев да требаше да се точкам на Транафузиологија на секое Секако, ќе одев ако мораше. На толку ми ги закажуваше контролите и во првата бременост. Претпоставувам дека така е поради тоа што не ми се менуваат многу резултатите, стабилна е ситуацијава.
Ееее си имала ти причина за толку чести контроли, затоа на 20 дена. Боцкам уште пред бременост и до крај ќе терам. Само што боцкам Фраксипарини, не Клексани.
Во првата бременост во болница ми ставаа 3-4 дена после породување, па побарав пред да си одам да ми проверат димери и хемостаза. Во нормала беа дојдени и воопшто дома не боцкав. Ќе истуркаме уште малку Инаку, не знам колку рефундираат за Клексани, за Фраксипарини 50 % само ми пуштиле пари. За 63 инекции дадов 16.000, на сметка гледам 8.000 Мислам, океј е, подобро нешто отколку на приватно, но до претходниот месец повеќе рефундираа, ова им е најново.