Дали ако во прва бременост има високи димери, по дифолт има и во втора? Првата бев на фралсипарин од 5ти месец до крај. Сега сум 7ма недела, ги испитав, ок се. Гинекологов вика да не испитувам секој месец, а мене шубе ми е.
Мешиња ве молам споделете мислење или некоја со сличен резултат во 24 недела Трансфузиологот вика да продолжам со иста терапија , по 1 клексан дневно Инаку се боцкам ради генетски мутации Некако ме замисли време скратено, димери повисоки
Не мора да значи, јас првата бременост со 1 клексан и скратени времиња али минимално, а оваа бременост стигнав и дел од бременоста и по 2 да се боцкам и ептен ми се скратија времињата. Со првото 2 недели понапред беше бебе, а сега со ова едвај и со клексани одговара на неделата.
Ова е од воена Одам кај Русе за извештај за клексаните ради мутациите И си викам и така сум таму да се боцнам да проверам. Не дека им го разбирам многу резулатотов но претпоставувам 2600 ми се димерите Докторот ме остава на иста терапија а ја па си помислив ќе ми убаци уште еден клексан Секако ќе одам да ги проверам и на клиника
Во државна по саглам им се издаваат резултатите бидејќи пишува дали се 260 или 2600 па можеш лесно да се ориентираш
Да поразбираливи им се резултатите , овие во воена ужас Ќе направам следната недела проверка на клиника баш да видам како се А те читам ти боцкаш по 2 клексани, од кога и причина ? Ова чисто да си направам споредба со мојава ситуација
Девојки за рефундација бараа копија од сметките или и од сметкопотврдите? Не сум однела 3 месеци кој ќе ги слуша тие тетките таму и до колку работат?
Не не само 10 дена промав кога го фатив стомачниот вирус и после тоа си продолжив со 1 само Како што ти е даден документот фискалната захефтана со сметкопотврда така и копија исто ќе ти испадне цела фискална копирана и дел од сметкопотврдата иначе до 15:00 ти работат барем јас кга ја прашував таа.
Здраво Феминки, ве молам за мала помош...Дали со извештај од трансфузиолог може да се поднесат документи за рефундација на клексани и дали треба треба истиот ден да се подигне терапијата или може и другиот ден, каква е постапката?
Добар ден на сите ве молам за совет . Вака имам откриено тромбофилија во претходна бременост примав клексан цела бременост се помина во најдобар ред ни еднаш не ми беа покачени димерите . Сега сум пак бремена и веднаш почнав со клексан 1 на ден од 0.4 .Денес бев на транфузија да проверам димери иакочи дека димерите ми се 3650 и трансфузиологот ми препорача 2 пати на ден од 0.4 клексан . Матичниот гинеколог вели дека тоа е многу за моја тежина . Незнам што да правам и кого да слушам искрено се исплашив од овој резултат
Некој дали има број од социјално за исплата на клексани на 6ти ми е поднесено и сеуште нема, ја претераа веќе.
Кога се проверуваат д димери во бременост и дали е тоа задолжително за сите трудници или по потреба? Јас сум 19та недела и матичната ми нема ни спомнато
Не знам како е сега со исплата, за првото никогаш не ми исплаќаа во тековниот месец, тек во следниот, некогаш месец ипол ги чекав..
Според искуство на другарка д-димери конкретно во нејзиниот случај се случи да и се покачат после осмата недела од бременоста. Појде кај нутриционист и преку здрава исхрана, движење, без лекови за кратко се среди за среќа и се добро се заврши.