Испитував д-димери, 3650 во 5та недела Има некој искуство со високи во прво тромесечие? Боцкам клексан еднаш дневно, ме чуди што се толку високи со првата бременост во ред беа цела бременост.
Мислам да јас кога бев болна дали беше корона или вирус некој незнам ама 3000 ми беа е не бев трудна тогаш ама муабетот ми е дека е голема веројатноста од тоа да се високи д димерите.
Стварно незнам, мене со короната ми беа 300, во првата бременост гледам 155,7 ама ова е премногу многу ми е страв којзнае шо ми се дешава, уште од сега паники а до крај уште колку имам
јас испитував вторникот но денес како нецелосни рез.добив.Денеска на трансфуз.во мојот град ѓи испринтаа резултати но според тоа што ми испитуваа несе целосни и нема мислење од доктор на нив. Фали крвна слика фали афа .... Што да правам ве молам ако некој сенашол во ваква ситуација.Помошш
секогаш комплет листа ми печателе. а за да повторам пак анализи скопје треба да се оди мада што не верувам дека на трансфузиологија ми пропуштиле нешто од листава дадена за испитување 4 епрувети полнеа....
Се боцкам со клексани, вечер во 21ч ќе примам последниот клексан од дозата па дали да испитам утре сабајле ддимери или подобро петок од сабајле што мислите?
дали кога се боцкате со клексани го истиснувате меурчето со воздух? имам многу синици и денес една сестра ми кажа да го идтиснувам воздухот нагоре и никако под 90 степени туку под 60 или 50 да боцкам тоа прво да ја стиснам кожата а кога ќе туркам течност да одпуштам.
Воздухот не се истиснува на клексанот, пишува и на упатството. Ако го истиснеш воздухот нема да го аплицираш цел лек. Јас гледам воздухот да е најгоре во шприцот, односно да го истиснеш последен воздухот за да се внесе целиот лек. Постави го шприцот со иглата надолу, чукни го шприцот со прстите. Генерално фабрички воздухот е секогаш горе ама ми се има случено да е на средина. Можеш и под 45 степени да го боцкаш, зависи во која регија. Инаку се зависи од кожата, и професионалец да те боцка можеш пак да бидеш цела со модрици.
Мене гинекологот ми рече да го истиснам воздухот па да боцкам Јас заприметив ако не се боцнам убаво ме боли и тогаш ми се прават модрици, а ако го стиснам убаво делот кај шо ке боцкам не боли и полесно се аплицира.
Не знам зошто така ти рекол гинекологот . Прикачувам слика од упатството каде што потенцира да не се истиснува. Иначе јас ако ја допрам иглата и ме боли, ја поместувам додека не најдам место што не ме боли. И јас приметив дека не излегуваат модрици ако не боли кога ја боцкаш иглата.