За првото прашање не сум сигурна бидејќи јас секој месец одам и докторката интерно ми закажува. Нема потреба да бидеш гладна. Резултати даваат од 14-16h. А ако одиш попладне мислам дека за саат време се готови.
Мене поосле царски Ѓузелов ми рече дека нема потреба да примам клексани и ме пуштија, ми ги провериле ми биле намалени. Но после една недела нозите ми беа отечени како на мечка,страшно.Среќа го најдов Маџунков ме виде и вика под итно да ги провериш. Шо да ти кажам резултат 7000. Паника,и на секои две недели ги контролирав.Околу месец време се боцкав после порѓај.
ЖенскИ пошто јас се породив ја пратив золва ми во социјално за рефондирање да ја однеси потврдата. Таму и дале едно ливче мало со број и кога е примено. Сега треба да чекам нешто решение, за колку време. Како оди то?
За околу месец дена најмногу треба пари на сметка да имаш, од 10-30дена ми пуштале. Решение некогаш ми стига, некогаш не, битребало некој ден пред да пуштат пари да стигне ама не е правило.. ^^ливчето чувај додека не ти стигнат парите
да ги пофалам фондот, на 02 поднесов барање, денес добив решение. Инаку д-димерите скокнале на 2565, ми ги продолжија клексаните по 1 на ден, викаат не естрашно секако си 9 месеци и си со близначка бременост
јас дека почнав покасно, не беше возможно во стомак, се боцкам во рака, мислам ме боцкаат не е возможно сама во рака ( бар јас мислам дека ќе се штедам). На упатството мислам дека пишува дека можеш и во нога, во препони мислам дека пишуваше
Јас се боцкав од 5ти ден од ЕТ во стомак лево или десно од папокот.Таму до 12та недела после тоа почнав во рака...Во нога еднаш пробав и многу ме болеше и продолжив во рака...Трансфузиологот и Гинекологот ми кажаа се додека имам кожиче за штипкање можам после тоа во рака.
Јас до 15-16 недела. Дур можеш и не е оптегнато мешето, боцкај се дур можеш, после рацете и така долго ќе ти бидатн на боцки
Женски, снаа ми е бремена 28 недела.Секој месец испитува д димери и се боцка со клексани. Арно ама денес и кажаа дека ќе мора да лежи, цервиксот и е скратен а на контрола во Ск е наредна недела. Живее во Гевгелија. Па сакав да ве прашам дали имала некое такво искуство? Дали др може да препише клексани и даде извештај без боцкање па јас да го земам и и го пуштам? Ви благодарам
Зарем во Гевгелија нема каде да провери димери и хемостаза?? Ако ич не и даваат да мрдне да се организирате некоја сестра од дома да ја боцне па некој крвта да ја однесе во најблиска лабараторија. Па со резултатот кај докторот што ја води нека појде кој било, не е само да препишува Клексани ами на кои вредности ќе ги пише, резултат му треба.
@emkaemka колку јас разбрав се работи за рутинска контрола во Ск. Не за д димери. Инаку @Среќичка тетка ми беше со скратено грло, секој месец патуваше на контрола во Ск. Полека, со полу легнато седиште, мирно возење.
Каква е таа рутинска контрола Дафи каде бара да се продолжи терапија?? Штом продолжуваш мора да имаш база на што, не ќе ги реди само.. ^^Јас од сам старт сум со иста терапија и баш само копи/пасте ми прават ама резултати мора доктор да контролира за не дај боже, од кај би знаел, плус барем мене гинекологот кој ме води обавезно ми бара резултати да види врз база на што се боцкам..
Може и грешка сум разбрала. Бејби бреин. Инаку сакав да кажам ако мора да патува не е толку страшно. Оди-се враќа. Без малтретирање. А за поблиску би можеле и во Струмица да ја пратат.