Значи не се страшни овие д димери На нет читав дека може да имам и некоја малигна болест Еве какви ми беа без бременост
Малигна болест да доколку не си бремена. Кога си испитувала и не си била бремена не ти биле 5000 така да не се плаши. Плус не ти се високи толку ни тромбоцитите за да паничиш. Ќе паднат ќе се средат.
Може да ми кажете дали има замена за овие клексани, како пиење? Јас се боцнав и паднав во несвест Многу ми е тешко
Според мое знаење нема замена за пиење. Пробај убаво штипни го местото, имаше примери и со коцка мраз да држиш 5 мин пред да се боцнеш. Можеш да пробаш рака и бут исто ако те боли многу во стомак. Ќе најдеш локации каде најмалку ќе те боли со тек на време И на стомакот исто на некои локации помалце ќе те боли се зависи од кожата. Те разбирам дека ти е тешко во моментов, ама пробај колку можеш да се смириш. Мене маж ми почна да ме боцка кога прекинав да се боцкам во стомак, така да може да те боцкаат наместо сама да се боцкаш.
A аспирин има корист Мм ме боли мн И тој не знае Најлошо е што е минута работа а толку патам дека не е нормално
Аспиринот не заменува клексан. Едноставно ќе се помириш дека мора да ги примаш за твое добро и за доброто на бебето што го носиш.
Дечки, имам упат за преглед на доктор и испитување на Д Димери, Хемостаза и Анти Ха фактор кај доктор Јани. Знае ли некој кај се наоѓа Институтот за трансфузиона медицина ? И на кој спрат треба да го барам докторот? Гледав на мапс ама изгледа не се добро маркирани објектите таму.
На главниот влез од државна одиш право се до крај скоро и на десна страна блиску крводарителство пред пишува хематологија тука е трансфузиологија За Јани не сум сигурна каде е ама тука во исто место се и за вадење крв и трансфузиолог
Замена за клексани се апчиња Ксарелто, но тие не се дозволени во бременост. Е сега ептен ако припаѓаш на секое боцкање прашај си гинекоког. Или стисни заби уште колку боцкања те чекаат на пораѓај и после тоа...
Тек сум 8+2 До крај Секпја чест на секоја трудница што издржа до крај Јас сум со висок шеќер, мутации, високи д димери и ниски времиња, со лоши хормони на штитна и високи антитела, ниска крвна слика и со близначка бременост од кое едно ќесе празно
Само со лесно нека е до крај. Јас со првото бев со два фраксипарина на ден (клексан немаше нигде освен на Бит пазар и Пластичарска), гестациски дијабет и за тоа боцкав прсти да мерам шеќер 3 пати на ден, корона во 5ти месец. Со второво само висок притисок имам за сега.и си викам еее супер ми е. Од сите боцкања алл тајм омилено, кога не можеа канилата да ми ја наместат во предродилна, уште имам дупка на раката .
А зошто примаше во прва бррменост 2 фраксипарина? Мутации или високи д димери ниски времиња? А провери сега во втора бременост овие работи пак, Фала му на Бога што си сега слободна од тоа Која недела си Со лесно Јас на пораѓај ми ставиле тоа за инфузија иглата и за џабе ништо не ми закачиле и ја тргнаа И кога требаше некој антибиотик да примам пак ме боцнаа и тука добив треска цел кревет се мрдаше, наместо 500 мл да добијам јас 1000 за моја килажа беше шок, мислев дека ќе умрам
Димерите не се спуштаа никако. Ваљда во комбинација со ковидот. Сега сум 20та недела, испитав 2 пати до сега, ок беа, ќе видиме понатака. Од толку боцкање, кога отидов на масажа 4 месеци после пораѓај, кога ме расстискаа, сите подливи на рацете ми излегоа од фрахипаринот.
Да сигурно со ковидот ти се покачија Леле можам да замислам, јас 5 досега само од кога почнав рацете модри ме болат и во стомак модрици Ајде до пола си, уште пола, да биде само на добро и да поминеш без боцкање А како се породи со првото? Природно ило царски