Те разбирам скрос, јас не ми е до болката едноставно ми е страв од боцкање и крај ама ете во претходната бременост примав по два клексани а оваа по еден од сам старт па до крај па и после пораѓај сигорно ќе примам. Мене ме боцка сопругот и јас си научив тактика како сама да си направам да не мислам на тоа, со едната рака си ги покривам очите и силно стискам кај слепоочниците ама баш силно и само мислам на болката јас што си ја причинувам а не на боцкањето, честопати маж мо ќе рече не се повредувај завршив веќе со боцкање а јас не сум ни приметила
Мене свекрвата вчера ме боцна во стомак и одма заврши, прв пат и е, реков ти ќе ме боцкаш до крај А маж дека му е страв да не ме боли па трае повеќе од минута иглата во мене и на крај се тргнав неможев, А нели почнува после боцкањето да пецка па тој уште беше со иглата во мене и тоа пецкање почнуваше, и реков ти веќе не хахах Кога јас се боцкав сама гледав и ми се слоши
Ете ќе се уходате полека , и ќе биде без проблем ќе видиш ,јас сама да се боцкам нема шанси, ти пак си имала храброст чим си почнала сама да боцнеш јас се ежам од сама помисла.
Да тука си во право, јас немам нигде слаба сум , можда само во стомак и тоа само во одредени позиции да легнам да се собере малку салце а во раце и нозе немам ич и ме боли многу.
А дали ви се случи да почнете со клексани од рана бременост, и со терапијата да се подобрат бројките и покрај тоа што се има мутации да ви прекинат клексани, или и покрај добрите времиња и низок д димер да се продолжи до крај со боцкањата?
Ако си со мутации , до крај ќе се боцкаш, ова ми е од трансфузилот Мене ми се дадени и првата и втората бременост ради мутации и покрај тоа што имам добри д димери и времиња А сега кога почнав да одам во чаир докторот ми вика јас не би дал клексан на мутацииве така да незнам што да кажам По мене подобро да се послуша мислење на транфузиолот,не на гинеколог
Здраво. Ми стигнаа сега резултати а во среда сум кај докторката, дали знаете дали е се во ред? Благодарам
Активирано парцијално ти е малце скратено. Мене ми беше 26 ама матичната рече во втор триместар дозволено е до 24 и дека ќе следиме да направам контрола за 3 недели пак. Ддмерите ок ми беа. И исто ми ги побара резултатите од генетски мутации за да види според нив дали треба клексани.
Феминки породена сум природно пред месец дена, во текот на бременоста примав клексан поради спонтан, денес ддиммерите ми се 2056, а после бременоста не примав ништо, очекував дека ми се намалени но тие се зголемиле, некој да сподели искуство
Во бременост д-димерите ми беа во граница, имав проблем со хемостазата и затоа цела бременост примав клексани. После пораѓај д-димерите многу ми се покачија и примав по два клексани. Ама мене утредента после пораѓај ми мереа и секоја недела идев да ги проверувам. Околу еден месец помина додека се стабилизираа.
Доколку извештајот од Гак е на 05.02 а клексаните ги купам на 11.02, дали ќе ми прават проблем за рефундирање? Бидејќи во извештајот ми пишува по 30 да примам, ама матичната ми закажа овај пат порано за на специјалист, претходните 30 до денес ми се да ги допримам и утре да купам пак 30. Потврдата за претходните ќе ми биде до денес...
Нема проблем да ти прават можеш дс купиш или на датумот кога ти е издаден извештајот или покасно само не можеш порано
Здраво девојки, ви праќам слика од добиени рез од хемостаза и д димери. Матичната смета дека нема потреба од терапија, но јас некако не сум мирна посебно што ми најдоа лакунарни промени на постелка. Дали ако отидам сега во државна за консултација за терапија би ме примиле или викенд само итни случаеви примаат? Сакам да слушнам и второ мислење од гинеколог.
Со 22 активно парцијално и со лакуни не верувам дека не треба терапија. Барај 2ро мислење за ова на клиника нема да те примат но сепак би те советувала специјалист да си најдеш ова не ти е за матичен да ти води бременост, слушај паталец.