Моментално е @duffi. Каснат со реагенсите. Стандарт. Минатата недела ја завршив процедурата, ми препишаа терапија, само чекам да добијат реагенси. Кажаа наредната недела. @Среќичка би требало да одиш со историјата кај докторот, ако ја следи постојано, мислам дека нема да направат проблем ако не е подвижна. Овој пат барем мене ми препишаа стандарт терапија без да испитаме. Инаку на почетокот имав варијации во лекарства.
Ај здравје само. Др и рекол да не мрда од кревет... Клексани прима поради генетски мутации. Ќе се консултира со трансфузиологог што ја води.
@eli25 @kukla21 или другите што примате клексани, ми треба малку помош. Имам лакуни 2 (или калцификати), искрено не знам ни што е разликата. Ддимери ок. Хемостаза исто, освен апт 24 (реф.27-37). И гинекологот и Елена викаат клексани. Се помирив ќе си боцкам, само се да е ок. Ме интересира, што функција имаат? Го подобруваат протокот низ плацентата? И уште ова: што треба да внимавам: рецепти, сметки, сметкопотврди, фзом.....
Да Лео. Примај обавезно штом ти рекле. Во фзо поднесуваш изв.од трансфузија, сметка и сметкопотврда, јас давав и розева рецепта каде наведував кој ден, колку клексани и колку мл , и до секое ставав краток потпис . ќе ти пратам по лп ако треба. И потврда од матичен
Фала ти за брзиот одговор. За боцкање, ќе боцкам. Сега за сега е ок со објаснувањево за документите, ако ми треба уште помош ќе ти пишам лп. за тебе и синко
Имам и јас лакуни, ама и гинекологот и трансфузиологот се согласни дека сум покриена со терапија и нема проблем со протоците до бебе. Во Фзо давам: - копија од извештај од трансфузиологија; - фискални и сметкопотврди за онолку клексани колку што пишува во извештајот од трансфузиолог; - потврда од матичен дека сум ги примила инекциите; - копија од трансакциска; - барање за рефундација симнато од страната на фзо.
Фала ти @kukla21. Читајќи ве знам дека треба нешто потписи/непотписи/печати/рецепти/сметкопотврди, па реков на време да прашам, да не биде брканица после. Дали откако си на клексан лакуните се зголемуваат?
Не би требало да се зголемуваат. Може да намалат или во најмала рака да останат исти. Кај мене едниот се намали, а другиот стои ист. Не паничи, клексанот е профилакса и само може да помогне.
@kukla21 И јас цело време со ова дека клексанот не е штетен (не само од форумов, туку и од доктори нели) ама еве последниот пат не испадна така. Два пати боцкавме, двата пати прво ок, после саати почнуваше крв и не се сопираше. Среќа што боцкав претходно па ми дојде чудно и почнав да се консултирам со доктори, па дојдов до прекинете одма. Ова чисто пишувам да знаат и тие што не боцкале дека ваква ситуација не е во ред. Бидејќи знаеме кај нас дека секој си игра доктор и препишува терапија.
И мене ми се случуваше неколку пати да после боцкање не прекине и до вечерта. Со оглед на резултатите, треба побрзо да коагулира крвта, ама ете не беше така. И тоа не беше секој ден, туку повремено. Најверојатно некој капичар погаѓавме. Ниту трансфузиологот, ниту гинеколлглт ми рекоа да прекинам. Само ми зголемија доза на вит Ц.
Не знам веќе што да правам. Трансфузиологот во мислењето ми пишал 20дена клексан, а кога му се јави гинеколот му рече нека прекине одма, превентивно ги дадов. Си земав упат за на трансфузиологија за секој случај па ќе видиме какви ќе бидат резултатите. Инаку одма проверив aptt во synlab и според нивните референтни вредности, супер ми беше.
Женички ќе одам за една недела прв пат за да испитам Д-димери на клиника и бидејќи нема термини ќе бидам со приоритетен. Оние кои одите и веќе знаете ве молам за искуство, прво ќе треба да влезам кај доктор па да ме упати во лабораторија или право во лабораторија и дали ќе бидам примена со приоритетен упат? Значи која е процедурата и што е најдобро во колку да отидам рано во 8 или во колку почнуваат? Секое искуство ќе ми биде добродојдено.
Да споделам мое искуство. Со првата бременост кога отидов на скрининг во државна ми видоа лакуни и ме пратија да испитам д-димери. Јас избезумена почнав да читам што се не прочитав. Тогашниот матичен, сега покоен, ме прегледа рече нема лакуни, постелката си е во ред. Д-димери ми беа 3000 но не ми дозволи да примам клексани затоа што постелката и другите параметри ми беа во ред, иако трансфузиологот ми препиша терапија. Бев и на трето мислење тогаш но немаше лакуни. Сега со втората бременост на моја иницијатива пак испитав д-димери, овој пат ми беа 4000. И сегашниот матичен ми рече постелката е во ред, нема потреба од клексани и покрај високата вредност на д-димери, иако на трнсфузиологија веднаш ми беше препишана терапија само врз основа на резултатите од д-димери. И еве со двете бремености истерав супер, природно се породив без компликации. Што ми е муабетот, од трансфузиологија секако даваат терапија и на минимално покачени вредности, така да гинекологот треба да одлучи дали има или нема потреба од терапија. Ако треба и повеќе мислења, не може денес секоја втора трудница да се боцка со клексани, некаде е оправдано ама некаде е нешто друго во прашање. @ana-banana јас кога испитував одев поручек, нема скоро никој и веднаш се завршува, од сабајле е хаос.
Јас реално не обрнувам толку внимание на вакви работи ниту паничев. Се јавив на гинекологот и трансфузиологот и толку. Зедов вит Ц и малку компресија на местото и си прекинуваше, навечер после туширање пак растекуваше, па никому ништо. Клексанот повеќе ми користи отколку што ми штети. Ова е профилакса - не некоја терапија јака. Фактот што само понекогаш се јавува, а не стално е дефинитивно индикација дека некое капиларче е погодено.
Не се согласувам. Гинекологот не е специјалист по транафузиона медицина. Транафузиологот треба да ги гледа наодите од гинекологот, а не обратно во поглед на давање терапија. На д димери 4000 да си терате така како гинекологот знае подобро од трансфузиологот ми е чудно.
@Mayyya А прво кај доктор влегуваш или право за крв? Не ми е јасно. Гинекологот ми рече да ги провериме заради ризикот што имам прекумерна тежина, а фала му на господ со постелка со бебе со се сега за сега е супер 32 недела сум. А внимавам многу на килажа од почетната килажа со која почнав бременост сум само 1-2 кг плус (ама првите 5 месеци ослабнав многу повраќав)
Има посебна амбуланта за приоритетни упати. Се најавуваш на шалтер и чекаш да те викнат ко ќе ти дојде ред. После средба со доктор се боцкаш. Резултати со мислење има во шериод од 14-16ч.
@kukla21 Не мора да бидеш гладен нели за да ти направат испитување?Ти благодарам што сподели, веројатно и нема да ме вратат мене ми е страв со приоритетен.
Те разбирам, ама колку што памтам ти одиш кај Елена и си сигурна во нејзината стручност. А јас веќе имав проблеми со резултати од Хемолаб и искрено не им верувам веќе. Сите резултати ми се добри освен од SFA и тоа во овие, новиве резултати референтните вредности им се други. Јас ги прашав да не има грешка, и ми рекоа дека заради гестациската недела се менувале. Мм се јавил, му рекле зависело од реагенсите...Минатиот пат резултатите од трансфузиологија супер, а кај нив препишани и аспирин и клексан. Ме водеа и со многу висок лупус, а на трансфузиологија ми беше негативен. Мм се јавил да праша за тоа крв што не ми се сопираше и му рекле треба нова хемостаза, таа од пред неколку дена според која ми препишале терапија била стара, од пред неколку дена значи. Инаку и мене на почеток на бременост кога боцкавме знаеше некогаш да ми потече крв, ама како што викаш не секогаш.