Најдобро на клиника. Во Биотек консултација со трансфизиолог се закажува и наплаќаат 1500 или 2000 ден ( не ми текнува колки беше точно).
едвај успеав да закажам на ендокринолог. За димери нема термин, морам Биотек или Авицена. Па дали ендокринологот ќе ми ги прегледа резултатите дека на приватно?
Зошто не извадиш д димери на трансфузиологија, гин. може да ти даде упат што трае по месец па кога сакаш И ендокринолог може да ти даде за д димери на биохемиска со останатите хормони и крвна слика што треба, а за хемостаза ендокринолог мислам дека неможе, така на мене беше
матичниот гинек ми кажа дека нема термини и затоа. Ендокринологот може да ми даде упат кога ќе одам за димери? Не ми е јасно баш.
На мене еднаш ме праша дали сакам д димери во крвната слика што таа може да дава, пример таа може урина, цела крвна слика, јонизиран калциум, д витамин, фт4, фт3, тсх, антителата, железо, шеќер, оваа што јас до сега ми ги дава а сигурно уште има, а за д димери исто може ама без хемостаза, дека на биохемиска не прават анализи на хемостаза туку д димери само А на тебе треба д димери со хемостаза или д димери само? Ако заедно сакаш анализи најдобро на трансфузиологија па прашај и приватно колку е кај нив дека нема термини Ама чудно нема, баш за вадење крв секогаш имало, повеќе нема кај трансфузиолози доктори ама за крв секогаш имало термини и слободно
Прашај дали може да ти издаде проиритетен упат за да испиташ на трансфузиологија. Мене матичната така ми издаде зошто исто немаше термини, што е уствари баш без врска зошто крв земање е 3 минути и не ни треба да е со термин али ок.
@nancyyy ми треба со хемостаза и фибриноген. Ќе се распрашам пак, за две недели ми е терминот, таман имам време да испитам се до тогаш. Фала ви
За ддижери и хемостаза земи си приоритетен упат од општ матичен доктор за на трансфузиологија и иди боцни си се боцкаат од 08:30 до 14:00.
Резултатите од вчера. 17та недела сум, прв пат проверувам д димери и хемостаза во бременост откако ми излегоа мутации за тромбофилија. Покачени се д димерите и фибриногенот иако до некоја граница се нормални во бременост. Му пишав на др.Јани па ќе видиме шо ќе одговори. Не живеам во Мк па морам вака по пораки. Ако треба и овде ќе се закажам на хематолог.
Испитав димери комплет во авицена, трансфузиолог треба да ми ги погледне? Земав упат за следна недела. Фибриногенот ми е покачен…
Ovie od fondot se navistina bezobrazni! Ako cekate povrat da znaete ke se kasni verojatno so isplata. Sefot sto gi odobruva im bil na odmor se isporaspravav na telefon taa mi se iznasmea kako bil nezamenliv on a ja i vikam dobro ZAMENA nema li toj tvoj sef? Bezobrazni do nemaj kade! Predmetot mi e od 12 maj do sega obicno cekav mesec, sea mi vika verojatno za nedela dve moze ke ima isplata a moze i poveke ke se ceka! Da mu otideme na toj sefot na vrata povekje devojki trudni i da mu visime pred kancelarija! Samo toa e spas vo vakva luda drzava!
Девојки едно прашање за тие што проверувате Д-димери и хемостаза, колку дена пред да проверувате повторно крв правите пауза од Клексан?
Чисто како информација дали има некое значение во однос на проверката, кога е последата инекција примена пред повторно да се земе крв. Благодарам многу за инфо