Нема врска никаква. Јас пример се боцкам во 11 сабајле. Некоја во 22 ч навечер. Има некои што почнале да ги боцкаат во болница сред ноќ и така продолжиле. Ова баш на комшика и се има погодено. Така што уживај си, иди боцни си се, нема влијание ништо.
За таа недела се одлични, границата за 30та недела мислам беше околу 1500, тебе ти се супер и не ти требаат клексани.
Мене ми ги прекинаа уште во 32 со повисоки д димери од твоиве. Не се гледаат само д димерите, хемостазата е мн поважна.
На трансфузиологија па ми рекоа за клексаните се битни ддимерите, а баш ги прашав оти само за нив имам упат без хемостаза.. Гледаше матичниов протоци со доплер и тие се во ред, ќе ги преќиниме изгледа а колку ми е шубе Фала @BellaBibi @Mumoftwo30
Мене баш напротив трансфузиологот ми рече д димерите е најнормално да се покачени, битна е хемостазата. И мене ми беше шубе и не ги прекинав на своја рака. Ова со клексаниве искрено ми е жива глупост што ги даваат требало, не требало.
Протици мислам дека се најбитни, за да бебе се храни и расте. Јас со височки димери, а протоци, постелка се во ред. Бебе расте одлично, дури напред е по една недела. Ќе видиме сега за некои 10 дена како ќе бидат димерите.
Да најбитни се протоците, за да се тие во ред треба и крвта да е, ама па од друга страна се тешам ете со првото само со аспирин бев и ми го преќинаа во 32ра и се си беше во ред до крај фала богу а ддимери само еднаш на почетокот проверив и до крај после ич. Туку рече и постелката е зрела ама нема гајле, и то да не има врска