Протоците што го хранат бебето. Тоа гинеколог гледа. Јас имам покачени димери, ама протоците ми се одлични. Бебе се храни супер, дури понапред е една недела.
До сега се беше одлично, не ми има ништо спомнато матичната. Во петок имам закажано ехо па ќе ја прашам, не знам дали да чекам или да одам уште утре?
Мене активирано парцијално ми беше 20-21 речиси цела бременост, дополнително и тромбинско време ми беше под граница само не се сеќавам колку, а протромбиското околу долна граница се движеше. Терапијата ми беше аспирин секој втор ден до 28 недела, а клексан 0,4 од почеток до крај на бременоста. Никој не ме испаничи за резултатите затоа што пророците ми беа супер и бебе напредуваше одлично.
Јас примам од сам почеток 0.2 а сега веќе два пати на ден по 0.4 (80мг дневно), 25та недела сум 1600 ми се ддмерите, погоре го прикачив резултатот.
Границата горна за втор триместар е 1290 за ддмерите.. покачени ти се и над горна граница за трето тромесечие која е 1700.
Јас во петок сум на контрола кај матичната на ехо, инаку до сега се беше уредно, бебе си беше понапредно за неколку дена, на вториот скрининг исто беше се одлично. Не знам зошто ваква паника, дозата наеднаш од 0.2 на 0.8 дневно ми ја качи. Досега времињата беа во нормала, знаеше само тромбинското да опадне минимално ама за една недела повторував резултат и ќе беше нормализирано. Од контрола на контрола сами се средуваа со истата терапија од 0.2 без додатни зголемувања. Сега и ддмерите се покачени, пред 20 дена беа 869 сега се 1600.. веројатно самата бременост прави нагли скокови. Се надевам само дека ќе успеам да го износам барем до 38ма недела. Од старт др на трансфузија ми кажа дека со такви лоши мутации ќе биде многу трешко последните месеци. А ова ми е трета среќа, сакам конечно да го гушкам во раце.
Кој трансфузиолог те води? Се додека протоците се добри, бебето не заостанува во развој и си покриена со терапија, ништо не е алармантно. Не знам кои мутации ги имаш, ама мое мислење, те испаничиле непотребно. Како ќе тера бременоста до крај, никој не може да знае, многу фактори се во игра. Јас исто имам многу мутации, комплицирана историја, катастрофална хемостаза цела бременост и ниту еден доктор (а во тек на бременоста идев кај многу) не ми изреагира вака како тебе што те испаничиле. Трансфузиологот секогаш ми викаше не се битни само бројките, ехото ни е најбитно. Гинеколозите ги гледаа резултатите, па си гледаа на ехо. На ехо се си беше одлично. Клексани цело време примав од 0,4 колку да бидам покриена со терапија. Трансфузиологот врз основа на ехото, викаше дека нема потреба од покачување на дозата. Истото го кажуваа и гинеколозите. Бременоста (освен некои перипетии на почетокот) ми помина во најдобар ред, никакви проблеми немав, се породив природно 39 недела со бебе над 4кг. Почекај си преглед во петок, ќе разговарате и со матичната, ако треба иди и на уште едно мислење. Ќе си правиш редовни контроли на гинеколог, за да се следат протоците и развојот на бебето.
Здраво ке ве молам за мислење, 5гн+5недела, примам клексан 40мг еднаш дневно, димерите ми се скоро 1500... дали има некој што и,покрај клексан сепак се покачени и дали е страшно. Трансфузиологот ми кажа дека се нормални
Да јас до 5недела примав клексан40 еднаш на ден и ми се качија на 1700. ми покачија доза два пати на ден клексан 40 и за 2недели се симнаа д-димери ама за секој случај ми кажаа да примам еднаш на ден клексан до 13та недела и дека од тоа нема штета само придобивка. Така да не е страшно само консултации со трансфузиолог и се ке биде во ред
Извини, заборавив да вратам. Др Емилија ме води од сам почеток од ИТМ а работи и приватно во биотек. Бев во петокот на матичен гинеколог, ги провери протоците, постелката, се си е во најдобар ред, бебе расте и си е понапредно за некој ден. Но ми даде упат дополнително за две недели од сега да одам на гак да се направи доплер (две минути траел) и да им потенцирам мерките дека ни се во ред ама по барање на ИТМ да се направи контрола бидејќи матичната ќе е на одмор. На крај на следнава недела ке направам нова хемостаза со ддмери и фибриноген по барање на трансф. па ќе видиме што ќе испадне, во меѓувреме се боцкам по два пати на ден 0.4.
Женски, што мислите за д-димери во граница (520 во 16+), а намалено аппт (23.5). Пијам само аспирин. Со лакуни сум, ама во ред се развива бебето, поголемо е по мерки.
Јас во 12+6 испитав, димерите 529, парцијално време 22.4. Бебето 3 дена понапред од старт. Ништо не ми даде матичната се е океј ми рече, се консултирав и со Котларова и таа рече се е супер за бременоста и неделата. Според мене океј ти се. Пред да ги добијам резултатите на скрининг бев кај Котларова па веројатно и виде она се што требаше, и затоа ми рече и она се е океј
И според мене ти се океј миличка, ама за да бидеш помирна ако може матичната да ти фати термин кај Јани па да слушниш и негово мислење за времето што ти е малку скратено.
Здраво, дали знаете во која аптека може да се набават Клексани од 0.4? Никаде не можам да најдам. Ви благодарам
Кога ви дадоа прв пат да испитате? Мојава матична многу е лабава за се… не знам дали сама да и кажам, зашто треба да закажам за едно две недели редовен преглед па веќе ќе сум 26та, да знам кога се испитуваат прв пат.