26 та негде бев кога ми даде да проверам димери и хемостаза, крвна група со РХ фактор и скриен шеќер. Кај трудници со некоја историја, сигурно порано проверуваат се ова.
Значи таман тогаш ќе ми даде и мене. Таман и за скриен шеќер треба, али да си спомнам ја со време на нејзе.
Кај мојава во чекална има листа со испитувања по недели што ги дава. И баш се поклопи секое едно што ми го даде.
Јас и ти истата матична ја имаме, мене во 12та ми даде да испитам. Без индикација, за крвна група требаше и ај хемостаза и ддимери ми даде.
Не бе мојава лабава е, коа и да ја прашам да не треба нешто, одмаа не требааа, се е добро. Ајдее пријатнооо се гледаме за месец.. викам боже женава, али ај може ќе и текне следен преглед.
И јас сум кај иста матична, ама јас сум со претходна индикација и ми даде упат уште во 8+. Од тогаш проверувам еднаш месечно, ради лакуните. Обично ако нема потреба, негде после 25та даваат.
Дали ви се има поклопено извештај од кај Јани за клексани во фонд.Предходниот извештај ми е од 26.06 до 25.08 за 60 дена,а од денес имам друг извештај,пошто кога пуштил термини матичнава ме заказала порано и сеа викам ај да неоткажувам подобро отколку после да неможам никако без упат да отидам.Јани го прашав ми рече неби требало во фонд за рефундација да направат проблем.
Поздрав девојки Прашање: На извештајот ми стои 40 клексани, дали треба да ги купам сите одеднаш или може , 20 па уште 20 ? И до кога е рокот на поднесување за рефундација бидејќи матичната ми е на одмор до 20 август ?
Можеш и по 5, по 10, купив еднаш и 2 зошто толку имаше во аптеката. Битно е на пример ако утре е последниот што го имаш дома, денес да ги купиш другите. Така ми кажаа. А рок за рефундација е 2 години.
Пак јас.. од минатиот резултат со АПТТ 21 (од долна граница 27,8 на ИТМ) и Ддмери 1700, дадена беше терапија од 2x1 0.4 clexane 20 дена. Направен беше пресек на 10 дена од терапијата нова хемостаза во Биотек, приватно, резултатите беа во нормала, односно ддмери беа 700 а АПТТ беше 25,8 ( од долна граница 21,5 според биотек). Др. Ми ја намали дозата на 1 клексан на ден од 0.4. Денес, после тие 10 дена, на клиника резултатов е ваков. Дадена е повторно терапија 2x1 клексан од 0.4. Од резултатите ме плаши високиот Фибриноген од 5.1, шти е причината што толку пораснал, до сега беше 2-3 сите 7 месеци, наеднаш се зголеми клексанот и порасна. Некое мислење, совет и тн? Дали има опасност по бебето, дали е коректна дозата и тн.. Трансфузиологот само ми пиша дека дозата треба да се зголеми.. и за две недели да се видиме. Да напоменам доплерот беше уреден, бебе си напредува.
Извини,Фибриноген за што тиго испитуваат?Јас испитувам секој месец ддимери и времиња ова неми испитале
Искрено првпат ми го спомна трансфузиологов пред неколку месеци, наводно без него не е комплетна хемостазата. Ми рече дека доколку почне да расте, ќе мора да се зголеми дозата, ама откако се зголеми дозата на клексан, почна да се качува и тој. Не ми е јасно. https://drkosturski.mk/en/фибриноген-штитот-кој-не-дозволува/