Ќе пуштат од понеделник не секогаш на 10ти ги пуштаат термините. Прати на мој термин од понеделник кога ќе пуштат одма можеш да си закажеш преку матичен
Мене во 25 та ми даде по моја иницијатива. Тогаш и испитав, сабајлето во 8и 15 бев таму одма завршив, на трансфузиологија, како трудница и предност ти даваат.
Јас секој месец се боцкам на трансфузиологија, досега никој предност не ми дал, чак што више тие постарите ме бутаат без осет. Што да направам да ми дадат предност, кажуваш негде или се пикаш напред? Или мене све ми се погодува народ без осет. Секогаш чекам минимум 30 минути.
Па ја се познавам доста во стомакот и секогаш на шалтер трудници вика тој на оваа страна и секој пат ако не сум прва втора ме боцкаат, имаше баш и неколку трудници со мене последно кога бев и сите не пуштија една по друга. Не знам зашто така, кое време одиш? Јас сабајле одам од 8 и 15 на отварање. Само еднаш крводарител еден го пуштија пред мене, али и тој беше таков малку терсене, постар дедо. Пробај кажи дека ди трудница, неможе така да те остават.
Ако не те приметуваат викни малце. Јас сега и породена бев за контрола, па се карав со еден што со доктор од друга клиника му даде епрувети за да му пикне преку ред. Кај преку ред, па и уште паметен се правеше што сме биле нервозни, сите ќе сме дошле на ред. Кога му се пуштив, партали го направив. Викам јас со бебе 5 дена старо надвор ме чека чекам, а ти ем се буташ преку ред, ем ми викаш смирено.
Баш и ова ме интересираше зошто јас сум со серклаж и лежење.. Од оваа причина се изнадавав пари се приватно ама тоа е, само да биде се добро.
Штом си таква ситуација, би идела со некој. Нека влезе и нека им каже дека си високо ризична бременост, за да те пуштат преку ред. Има еден млад дечко на шалтер, тој баш приметува трудници и секогаш преку ред ме зимале. Ако ти се погоди на смена.
Многу се одвратни на трансфузиологија Секој пат одам со придружба, ретко кога ме пуштаат преку ред иако ми се познава стомакот. Последниот пат стигнавме во 15 до 11, чекавме на ред затоа што никој не те пушта, а идиотот од шалтер (младиот) си излезе на пауза со кафето иако му кажав дека сум со ризична бременост и морам да лежам, ми рече иди во кола легни додека да заврши пауза, а не бевме со кола дојдени, не оставија пред трансфузиологија.... само за боцкање бев инаку, не за преглед, ама место да работи него му е битно кафето да си го испие. Среќа што уште две недели ќе се породам па тоа ми беше последно одење таму, секој пат е живи нервози.
Немав појма дека постои вакво нешто Ќе се распрашам или ќе видам ако може да најдам некој што работи таму па така некако да се пикнам без чекање.
На почеток не се познавав, ама сега последните пати веќе сум со стомак и намерно облакам потесно да се знае демек да ме сожалат ама слабо. Исто идам точно на отварање 8:15-20 и цел народ што чека надвор да отворат се бута, ни те гледа дали си трудна, дали ќе те повреди. Досега не ми се погодило да викнат трудни од шалтерот, секогаш регуларно си чекам. Сега крај на месец сум пак и ќе си барам преку ред. Не сум ни за преглед, само се боцкам и за 1 минута завршувам со оглед на тоа што ние не ни плаќаме. Ама кај нас нешто слабо осет и култура. Не сум осетила досега некое олеснување што сум со стомак, нит во маркет ме пуштиле не па во државна. Единствено ми се погоди на биохемија, има прозорче земаат преку ред упати за трудни и хронични. Не знам може мене вака ми се трефнало. Не е шала, тежина е да стоиш да чекаш, ако седнеш отиде редот, посебно кога беше најжешко секогаш излегував надвор со нагон на повраќање.
Мене па секаде ме пуштаат хахах, дури и незгодно ми е. Али да, има без осет луѓе. Сеа следно кажи си таму, пикни се. Стварно нема смисла да чекаш.
Ааа во бременоста си имав баш привилегии сегде. Сите ме тинтраа. И маркет и пазар и по прегледи, фонд. Јас би се бунела и би викнала малце.
И јас како тебе од почеток одам цело време на трансфузиологија до сега не ми се погодило да ме викнат преку ред секогаш си чекам таму и тоа последна да не се бутам