Купив сега од 0.4 една кутија почнувам од вечерва му верувам на Др Јани од форумов колку го зборат сите а вака во живо ич не ми остава сигурност не знам зошто … ама кога ќе помислам колку многу жени со слични дијагнози има донесено до крај на бременост ми се смирува некско душата и ми вика да одам како кажува он
Со мутации сум и јас, уште пред трансфер боцкам од 0,4. Д димерите ми се секогаш во нормала, трет триместар сум, и сеуште боцкам од 0,4. Пијам и метилирана фолна и метилиран Б12. Слушај го Јани и биди без грижа, човекот си ја знае работата и се’ ќе биде во ред.
И јас од почеток на бременост сум со 0.4 од матичниот кога ги виде мутациите, ме прати ми препиша прво доктор во чаир за еден месец, сега Јани за два месеци и ми рече пред нова година со хомоцистеин само испитан да ме види и ќе продолжиме со клексани и аспирин на 3 дена. Ова ми е последна хемостаза што ја правев со месец дена боцкање 0.4
Како е со гужви во државна? Дали морам сабајле рано да одам или може било кога? Имам приоритетен упат што значи немам конкретен термин, дали би се изначекала ако отидам сабајлечки?
Лотарија е како ќе ти падне. Јас бев пред некој ден со приоритетен во амбуланта 37, имаше 5 трудници ама брзо поминаа, па ме зема мене докторката набрзина дур да дојде жената од следниот термин. Некои чекаат и со саати. Мене ми се погоди за неполн пола саат да влезам, а бев спремна да чекам многу бидејќи сестрата ми рече има термини до 13:00 (а јас отидов во 10:00). Јас бев само на преглед за да ми пишат клексани во извештај да можам да рефундирам. Ова на гак зборам, за трансфузиологија не знам.
Денес на трансфузиологија имаше полн ходник баби и дедовци јас имав упат во 11ипол само што дојдов човекот крупен на шалтер ми вика трудница си ќе те најавам одма, застанав во ходникот што да видам све баби и дедовци по шема што пијат лекарства за тромбоза и една девојка бремена исто до мене, се погледнавмедвете и истото си го помисливме дека вероватно ќе треба сите да ги исчекаме. За минута ипол Јани отвори врата и ме викна по име и презиме… дали дека спомнав дека сум бремена на шалтер со потешка дијагноза, дали таква ми беше среќата не знам ама денес завршив пребрзо
Хаха може и мене затоа одма ме викна по првата жена, им кажуваат дека сме трудници незнам. А се чудев викам со итен упат викам ќе чекам кој знае колку а брзо завршив.
Како ви се чини резултатов? Ич немам искуство со ова. Не ме држи место додека да ми одговори матичната. 25+6 сум
Zdr denes pocnav so kleksan ama nekako kako nesto da mi se dvizi vo nozete mi seta po teloto sekade dali mi e do psihata ili nz so e,mi gi prepisa ginekolog 22 nedela odprilika d dimerite mi se 2900 prasanjeto mi e dali ke treba da gi pijam do kraj dali ima steta da se namalat sekako ako padnat poniski dali voopsto ke padnat nsiko nz kako ke se odviva rabotata mnogu sum uplasena utre ke odam sekako po edna nedela pak krvna slika ama mesto ne me drzi i ispanicena pozz
Ич да не си уплашена, превисоки ти се ддимерите и мора да примаш, јас сум со царски породена две недели еве упте примам, зашто не се скроз симнати. Бељата да не примаш е многу поголема, отколку да примаш. Со примање само може добро да направиш, на психа ти е тоа така што осеќаш, од што се плашиш. Со редовна контрола на ддимери и хемостаза ќе пратат дали паѓаат или ќе сменат терапија. Не се секирај, има трудници што примаат цела бременост. Само позитивно, се ќе биде добро.
Hemostazata mi e okey ,prvata bremenost nemav vakvi raboti so d dimerite nz od kade sega da ne e raet coek ..primav vaginalno utrogestan dali od toa dali od vozrasta se pokaceni muabetot mi e deka ke se koristat do kraj ako treba i posle poragaj dali ako mi gi prekinat ima steta, dali imate nus pojavi nesto, ke gi primam ovaa nedela pa ke napravm pregled ima nekoi so primale ne spagale i toa si mislam um nemam epten sum vo haos fala sepak mi znaci ♥️
Нема нус појави. Се примаат се додека има потреба. Секоја бременост е различна, 10 да родиш, сите 10 бремености ќе ти се различни. Ддимерите се високи за триместарот, ништо не правиш штетно, не си ја оптеретивај психата без потреба, ќе се средат со клексаните. Во бременост е нормално да се покачени, ама тебе ти се малку повеќе, и за да не отидат уште повеќе ти се препишани клексани, немај гајле, ништо освен добро за тебе и бебе не може да биде.
Немаш штета од нив не се секирај. Не е ни од возраста, ни од утрогестан. Овде повеќето ставаме утрогестан и клексани За се’ има решение, ако на пример не ти паднала вредноста, ќе ти дадат поголема доза и ќе се средат. Овде има членки што со по два клексани истерале цела бременост. И тоа е океј. Така да не си прави дополнителни стресови, непотребни.
Смири се и воопшто немој да се плашиш од клексан! Ние со потешки мутации се боцкаме од позитевен тест до крај, следиме на 3 недели резултати. Штетата со високи димери ако не се боцка клексан може да биде огромна… само ќе ти спомнам дека една од многуте е заостанат развој на бебето зошто до него нема да доаѓаат доволно хранливи материи заради густината на крвта. Доктори те следат немој да си играш да не боцкаш. Мене клексаните ми прават да се осеќам посигурно а не полошо! Да сме сееќни дека на денешницава ги има и дека е откриено зошто ни требаат! Гали меше и иживај
Дали се ок д-димерите 27 недела сум И скриениот шеќер Додека го чекам терминот за контрола некој да ми каже