Јас вчера добив резултати, ддимерите ми се околу 2900 утре ќе одам на трансфузиологија сабајле, немам закажано или нешто, ќе ме пуштат да се видам со некој доктор?
Упат приоритетен мора да имаш. Која недела си, ништо страшно не е, ќе види трансфузиолог и ќе препише клексани.
25та недела… упат имав за хемостаза и крвна слика од матичниот гинеколог и еве вчера вечерта ги видовме резултатите и ми кажа мораш консултација со трансфузиолог, ама упат нов немам. Она би требало да ми издаде? Ако не сабајле прво до таму да тркнам. Фала ти инаку што секогаш споделуваш совети и искуства
Па да коа веќе ти рекла треба приоритетен да даде. Не знам дали така ќе те примат, сепак се доста високи. Еве и @BellaBibi ќе ја тагнам, она исто имаше високи таа недела, нејзе 3000 и нешто мислам и беа, па ќе ти сподели искуство. Ништо не е страшно ќе ти препишат клексани, ама мислам мора упат.
Мене ми беа постојано височки, а протоци супер, се супер. Мене др. што ме следеше на Гак ми ги препиша. Ако нема термин, а она неможе да издаде извештај за клексани, барај приоритетен или на Гак или Чаир од специјалист извештај за колку да примаш.
Јас бев баш пред две недели на скрининг кај Котларова и исто се си беше во ред со бебе, протоци… така да баш ме утеши Хм, значи матичен ми дава извештај за клексани, а не некој од трансфузиологија?
Не, матичен треба да ти даде приоритетен упат за трансфузиологија или гак (пожелно трансфузиологија), па таму да те прегледаат и да ти дадат извештај за клексани. едит: мене така ми даде приоритетен за гак амбуланта 37, Адела се погоди на смена, ме прегледа и ми пиша клексани. Среќа брзо влегов со оглед на тоа што бев без термин. Само јас примам клексани по друга индикација, д-димерите ми се добри. За 2900 д-димери секако ќе ти пишат.
Не матичен. Специјалист или трансфузиолог, дава извештај за клексани. Штом ти се добри протоците и бебе расте како треба, со клексани ќе се регулираат димерите.
Денес бев на контрола,освен упат за скирен шеќер,крва слика и мокрач,докторката кога ја прашав за д димери ми рече НЕ,НЕМА ПОТРЕБА,овс во ред е вака?
Матичен може да ти даде приоритетен упат за гак или чаир, па тие или да ти препишат клексани или да дадат упат за трансфузиологија. Матичен гинеколог ми рече мене неможе директно на трансфузиологија упат да креира. И друга раб, ако имаш човек во гак ти прави приоритет за трансфузиологија и одма идеш таму.
Мој совет, инсистирај да ти даде да си провериш на трансфузиологија. Не знам која недела си, ама претпоставувам 20+ бидејќи ќе правиш скриен шеќер. И кај @BellaBibi беа супер протоците на ехо, ама излегоа високи д-димери и мораше да прима клексани. Не ми е јасно зошто некои матични избегнуваат да дадат упат за хемостаза и д-димери. Буквално едно боцкање е да се види ситуацијата каква е.
Мене првата матична не ни ми спомна за такво нешто,поради тоа што не бев задоволна се преместив кај нова матична и во 19та недела ми даде упат за испитување,ми рече дека сега се во ред но повторно пред нова година ќе си направиме анализа така да ваљда почесто треба да се испитуваат
Јас на два пати прашувам дали да направам, сѐ ми викаат нема потреба, а овде гледам често испитуваат.
Што значи кога тромбинско време е скратено? Чекам инфо од доктор ама според сликата на @baguf4e покачени ми се. 28+5 сум