И мојава прва викаше нема потреба и стварно по резултатите е топ немало потреба,ама тоа си е едно боцкање кое не вреди да се избегнува и да ти е на мисла,види ако можеш побарај си упат и боцни се да си мирна
Девојки, дали можете да ми кажете мислење за резултативе. Ако не грешам Д-димерите треба да ми се во ред затоа што колку што сфатив има други вредности за трудници. А што е со Активирано парцијално, дали е страшно тоа што ми е 2,9 секунди под границата?
Не е така референтната вредност. 1700 се во втор, ти си трет и ти се супер. Е сега тромбинско време не би требало да е скратено. Види со матичната. Повеќе фактори се гледаат кога се испитуваат ддимери, не секогаш е за клексани.
Добри ти се ,нормално е да се скратени во бременост . Моите без вакви со по два клексана Со лесно Не знаев дека си трудно
Се пофалив, ме немаш прочитано Не памтам првиот пат како ми беа времињата, знам дека димерите на крајот ми се покачија малку и примив 10 клексани, до денот на пораѓај.
Д-димерите ти се добри. Инаку и кај мене скратени времиња низ цела бременост, јас секој месец тестирам поради лакуните и секој месец се намалуваше аппт дополнително. Од терапија пиев аспирин до 30та недела, после тоа клексани ама нив заради намалена плодова вода. Не ти се многу скратени, ама пак консултирај се со матичната. Мислам дека не си за терапија.
Дали некок доби исплата за клексани денес? Во текот на бременоста (пордена сум пред 5 мес) поднесував секој месец и колку што јас знам се ми беше рефундирано. Денес ми стигна исплата од фзом 3500 денари за рефундација на лекови, а немам поднесено ништо од јуни и како што знам ми ги вратија. Можно ли е да имале утки некои во исплатите, па сега да увиделе и да ми враќаат. Или по грешка евентуално? Се збунив многу денес.
Па за неполн месец ми исплаќаа цело време ама друг директор беше тогаш . Сега ако се сменило нешто. Мислам најкасно 60 дена од поднесување е. Ме почастија денес убаво на неподнесено
Што се ми треба за да поднесам барање за рефундација и кога го правам тоа? Сега за сега имам препишано 14 клексани, па треба да проверам пак хемостаза па според тоа да видиме дали ќе продолжам. Дали треба да поднесам сега, после 14 дена или…?
Откако ќе ги испримаш сите клексани што ти се препишани (14 во твојот случај по извештај), земаш потврда од матичен гинеколог дека ти се примени. Тас потврда заедно со копија+оригинален извештај од специјалист, фискална и сметкопотврда од купени клексани (копија и оригинал), копија од лична карта и трансакциска сметка и пополнето барање за рефундација на лекови се поднесува во фзом.
Фала ти! А бидејќи мене ми се паѓа петок да го примам последниот клексан и дента би трчала навака натака и кај матичен да земам потврда и на ГАК да видат дали ќе треба да продолжам да примам клексани (претпоставувам во ред ќе биде ден порано да проверам хемостаза, во четврток? Зошто во петок нема да има време дури да се готови резултатите, па да ме види специјалист), дали може после викендот да се носи документацијата во фзом или и тоа треба дента во петокот кога официјално завршувам со тие 14 клексани?
Можеш ден-два порано да се боцнеш, не е проблем никаков. Документација во фонд нема потреба да носиш одма, кога сакаш можеш во следните 5 години