Мислење за резултатите за тазе 6та недела? Терапија еден клексан и аспирин секој втори ден, до сега беше секој ден..
Димерите ти се високи за 6та недела бременост .Консултација со трансфузиолог.Јас сум скоро 14 недела имам тромбофилија ама димерите ми се 520 .Одам на почести контроли на 3 недели проверувам хемостаза.Терапија ми е клексан и на 12часа аспирин секој ден.Провери да не треба да ти покачат терапија.
Кај кој трансфузиолог си? Бев денес кај Јани и извештајот ми е од кај него. Мисли дека не треба да ми покачат терапија. Истото го прашав дали треба да примам по 2 клексани, вика не.. пред 2 недели беа 650.
Јас сум кај доктор Нинослав Систина. Па Јани е добар доктор ако он мисли така послушај го или консултирај се и со гинеколог.Јас дека сум со два спонтани предходно и со тромб 2019год и сега ме водат ризична бременост одам на контрола на 3 недели прво гинеколог кај Доктор Митко Ивановски проверува протоци па трансфузиолог кај Нинослав и двајцата се договараат за терапија.
Zdravo devojki,imam ostanato 11 kleksani od 0,4ml koi gi prodavam bidejki ne mi se potrebni so dobar rok a kupeni na privatno. Ako nekoja ima potreba da kupi…
Ај да прашам, колку рефундираат за клексани %? Пошо ги купив 2000 ми пуштиле 1087ден. Ова 50% е работава…
Devojki edno prasanje, ginekologot ne ja znae procedurata. Se bockam so kleksan, utre treba da proveram d dimeri i hemostaza, mi dadoa prioriteten upat za transfuziologija, so toj upat ke proveram utre, rezultati posle 2, nemozat da mi izdadat upat za na transfuziolog da odam vo ponedelnik so rezultatot za da mi prepise terapija, mi vikaat 7 dena treba da pominat od ovoj upat..
Веќе две ипол недели примам клексани и на една рака ме направија партал. Имам големи модрици и искрено доста болно ми е кога ме боцкаат. Два пати и ми течеше крв. Одам во Јане да ме боцкаат и се полоши и полоши сестри ми се паѓаат. Еднаш само бев во Идадија, абе ни болка осетив, ни модрица, ни крв, перфектно беше. Можно ли е до толку да не знаат да боцнат? И обавезно после тоа ми ставаат памук, а во Идадија ми рекоа никако да не се пребришува откако ќе се боцне
Да, не те боцкаат убаво. Јас бев еднаш до Ченто да ме боцнат, не осетив ни коа ме боцна, ми вика готово, ја мислев не ме бовна ме лаже.. нит модрица ништо. На гак решето ме направија, месец и една недела како сум породена, модрица имам уште… од гак…
Пробај сама да се боцкаш, нема што да згрешиш искрено. Јас дома сопругот на почеток и боли раце многу, после сама во бут горе и таму исто. Јани последно ми рече девојче во сполјер ти немаш масно ткиво во раце и нозе.. И искрено не осеќам.. Некако стај прстот кај коската од кукот и иди према назад малку и штипни и боцни се и полека стисни ја инекцијата. Ни модрици ни болка. Исто ми рече агол 45 степени и немора цела игла да ја боцнеш.
Да пробаш сама да се боцкаш? И јас бев лом по раце. И од сестри, а и јас си правев, не дека не. А и сестри и јас се пребришував после боцкање. Гак два дена партали бев.
Леле жал ми е. Ко да им се брза бе ќе ја шибне одеднаш и ајде гитла. И после вселена имам на рака многу ми е страв сама, па и сопругот да ме боцка ми е страв имам проблем со игли и крв, си викам само стручно лице знае, нема да направи грешк, мм ми е страв да не направи некоја беља, иако сфаќам дека поголема од модрициве и отоков не може да направи… не знам, језиво ми е. А сестриве не ме ни штипнуваат убаво, да се потрудат под соодветен агол да ме боцнат туку онака баш како ќе им дојде, колку да пројде. Не знам, може на крај ќе почнам сепак по дома
Да го знаеш маж ми , која паника е, колку се плашеше. Па го седна сестрава кај матичната, му објасни каки, му кажа дека тие со инсулин секој ден се боцкаат, како е малтретирање да идеме секој ден на боцкање, па свитка опашот и почна да ме боцка. Па кога беше на работа, сама.
Еј сама почни си, ние што се боцкаме цела бременост од почеток до крај нема теорија да одиме да не боцкаат секој ден во болница и полека ставај ја, јас во меше веќе 4ти месец, немам ниедна модрица засега полека и не мораш цела игла скроз. Кога си боцкаш сама и знаеш сама да стиснеш повеќе помалку кога ќе штипнеш од мевцето околу не е страшно верувај, рутина е после
@Baby warrior ги имаш испитано како ти се ддерите? Јас денеска 15+ 1 и некако ми се видоа високи 1690, а терапија редовно све. Не ми го дава целиот упад на мое здравје нешто неможам да видам дали зголемил денеска Јани терапија или на исто сум.
Ммм височки се, јас наредна недела ќе се боцкам последно околу 10та недела ми беа 360. По еден од 400 боцкаш?