Само прва смена работи матичниов и еден ден втора. Да по еден боцкам од 0.4 и аспирин на три дена. Пак многу ми беше низок хомоцистеинот и не ми продолжи метил фолат и б12. Денеска мн гужва и некако беше и он заморен што вика сопругот може 30 души поминаа до 11ч колку редовни толку приоритетни а не направи пауза. Ќе видиме утре матичниов ми е втора смена ко беља така се погоди.
Не е страшно еден ден да помине, утре ќе прочиташ што пишал, претпоставувам по два ќе стави или па аспиринчето на два дена ќе го качи. Знаеш дека мене хомоцистеин ниеднаш не ми спомнал Јани да испитам во јуни последно уште пред да останам бремена во нормала си беше. На трансфузиологија се боцкаш и за хомоцистеин?
Јас испитав на биохемија б 12 и фолна и мн беа високи на почеток во 4та недела , и од имунологија докторот ми рече ај хомоцистеин и испитав на имунологија и беше низок многу. И Јани го виде и рече дека имам мутација и за фолна и све тоа ај вика следна контрола (за денеска) донесими и хомоцистеин, и немав време да шетам од матичен на имунологија па да чекам две недели и направив во рамус за три дена имаше резултати 750 ден. И вика уште е низок, прочитај баш за него ќе видиш. Влијае врз многу фактори. Ако е низок значи сеуште има доволно б12 и фолна во телото и да не пијам. Јас пиев една година пред бременост цело време.
Јас пошто пијам метилирана фолна и метилирана б12 веќе пола година ги проверував сега пред 3недели и беа во нормална граница, кај тебе беа над границиве зацртани бројките?
Да фолна стои многу над 20 знак HH , б12 исто многу високо три пати над референтна и исто HH. А Д3 околу 36 ми беше од 10-75 граница.
Не знам што да прајме со д витаминов исто кај мене пред 6 месеци беше 20, почнав 2000единици да пијам сега со толку пиење после 6месеци, дојдов некако до 26 пак под референтна, гинекологот од систина ми го качи сега на 3000единици па ќе видам шо ќе биде. Иначе 2/3 од летово го поминав на плажа дополнително нејке и нејке да се дигне
Незнам јас ова прв пат го испитав на почеток од бременост, сега пијам од Now капки Д3 маслени се, една капка е 1000 земам по 4-5 дневно нема сонце секако.. Ќе видам ако успеам да го испитам пак да ми даде матичниот да не го плаќам приватно. Ќе ти пишам дали се качило. Би требало од течна форма да има подобра апсорпција. Ако си со таблети или капсули пробај смени течна форма.
Јас зимам на now од жолтите желатински капсули, лесни ми се за голтање дека меки сма кога ќе ги потрошам ќе сменам на течно имаш право и матичната обична ми спомна за ова
Останува по еден клексан, рече не е страшно па сега ќе видиме после нова година ќе си проверам сама. Денеска правев ехо 15+2, ми рече матичниот дека е 5 дена поголемо, вика еве си седи карлично седната е, топло и е убавини. Ми закажа и скрининг за 20та нед за кај Кочоски. Ќе видиме и тоа како ќе помине.
Хаха срцка, којзнае што си прават внатре ние ги мислиме они си уживкаат, јас сум наредната недела кај матичната одвај чекам да ја видам Се мислам и ја дали да правам скрининг и на државно и на приватно напоредно. Приватно секско во систина ама државнава опција шознам. Иначе тука прикачувам некоја табела со референтни вредности за димери од нет, да си ја имаме и за понатака
Девојки, дали ви се случило да ви се направи топче поткожно на стомак кај што се боцка клексан? Прв пат ми се прави вакво нешто а имам боцкано доста, па прва асоцијација ми отиде дека е од клексанот.
23та недела полна денес. од претходната недела пијам аспирин 100ка по едно на ден ради протоците во матката. ми ги даде специјалист
Здраво ќе може ли мислење за резултативе, 24+5 сум. За два дена сум кај матичниот гинеколог но почнав да паничам дур отидам бидејќи гледам има отстапки. Прв пат испитувам, без терапија и индикации, протоци до бебе и раст на бебе биле во ред до сега (и кај матичната и кај Димчев на втор скрининг)
Зошто да плачеш? Некои параметри е нормално да се изместени. Да ти кажам дека од 7 ми месец , до крај бев со клексани, ми беа качени димери многууу повеќе од тебе. А имав одличниии протоци, постелка и бебе повеќе од одлично напредуваше.
Види само за тромбоцитите се пониски, да не се намалуваат. Незнам дали си имала претходно пред бременост со нив проблем. Другото е нормално да варира. Консултирај се со трансфузиолог.
Фала за одговорот <3. Од дете имам проблем со тромбоцитите, со редовно земање на спирулина + ц витамин ми одат до долната граница и тоа е тоа. Среќа не почнаа (бар не се уште) да ми паѓаат повеќе во бременост.