Земи со раката допри се до некој ќош. Да ти се испакне месото. Избриши со алкохол и полека ставај иглата да влезе скоро цела и полека испуштај.
Јас ставам во спољер, осети ја коската од кукот и терај накај назад така баш да си малку свртена и штипни баш кај што ти се гаќите горниот раб доаѓа и на штипнатото од оздола идам да не е право туку во косина и боцкаш и кога ќе пуштиш штипнатото онака виси шприцот во диагонала и стискам полека шприцот. Не боли небо земја за разлика од рака. Па дури ни боцкањто не го осеќам. Вујкоми ми кажа анестезиолог е и Јани ми рече спољер. Немаш утка. Сестрата кај докторов ми рече во рака и она што ме боцна ми направи модрица а да не зборам колку пржи.
Ја боцкам под 90 под пупак лево десно, не се плаши рутина е после полека вбризгувај иглата не мораш до крај до пола е доволно помалку боли
Искрено боцкав секако. Дека слаба , едвај месо наоѓав. Како ми дојдеше така. Па со лева рака кога ставав, едвај и ставав.
Јас ставам под агол 45 степени така ми покажа гинекологот и така терам, еднаш една рака, па друга па во стомак Ако може да се боцка и на друго место пишете каде да сменам малку
Како и да боцнеш тој делува...Димитров ми викаше и во врат да ставиш пак ќе си има ефект. Јас ставав лево и десно од папокот, и накај спојлерите како ќе фатев..не гледав тоа под кој агол е од како ми кажа докторот. Над 300 клексани имав ставено и ниеден не ме болеше како што ме болело во болница откако се породив во рака што ми ставија
Само мене не ме пржеше клексанот… ама ме болеше и после два и пол месеци од првиот клексан во болница што ме боцнаа имам уште модрица… е до толку.
23+6 сум сега, пред 3 недели димерите ми беа покачени 1697, сега ми се 1067. Времињата ми се исто скратени. Можно ли е без терапија вака да варираат димерите, и која е причината? Според матичната времињата ми се ок, не треба ништо.
И мене ми се намалија д-димерите без никаква терапија во рок од 1 месец. Минатиот месец во 25та недела ми беа на горна граница 1699 а сега во 29та недела 1496
Пребарував тука но не успеав да најдам инфо. Имам упат за на ГАК за клексани за рефундација извештај, сега ми се јавуваат дека треба да отидам кај нив на преглед? Не се сеќавам дека вака беше порано.
Да ако одиш преку ГАК мора и преглед ќе те прегледаат на ехо.Ако си преку трансфузиолог само со извештајот рефундираш и пптврда од маточен гинеколог дека се примени.
Девојки знае ли некој до колку часот најдоцна боцкаат на трансфузиологија? Имам некој друг термин дента на клиника покасно па да не де враќам два пати
imalo sega i nekoj punkt od transfuzilogija za bockanje na d dimeri kaj gratska bolnica od stranata na zegin apteka, rabotele do 10, 11 casot najkasno. taka mi kaza sestrata kaj ginekologot a i prasav sto rabotat luge tamu za da ne se odi do drzavna. jas ke odam denovive tamu da me bocnat pa ke vi kazam kako sto rabotat
Е баш ја прашав матичната за ова и ми вика не знам каков упат да ти дадам за таму? Ако знаеш и имаш инфо плис сподели да не се акам до горе
Да баш ај пиши после те молам, јас побарав за таму последно и сестрава ми вика незнам за таму немам јас можност за упат освен ако не иди со овој. Ама не ми се ризикуваше брзав за на раб.