Д димериве и хемостазата кај мене супер засега и на вторава контрола. Благ раст има во еден месец ама е ништо пред еден месец 149 ми беа сега 199 ми се д димери. Времињата добри. Тромбоцитите од 300 намалени на 250 Се надевам така и ќе останат до крај. Се боцкам секој ден со клексан 0.4 и си примам метилирана фолна и б12
Скоро три недели со два клексани, ддмери намалени за 500, сега се 2350, 22 недела, времињата мн подобри него претходно. Матичниот и другата докторка вика остај иди само со еден клексан добри де протоци, Јани вика терај два. Незнам не ми се остава така да не го послушам Јани.
Слушај го Јани сепак он е трансфузиолог.Кај мене гинекологот е за 2 клексани а Док Нинослав е за 1 клексан и апсирин .Последен пат пред 10 дена ми бе 2360 ддимерите трансфузиологот ми кажа за 22 недела се во нормала ,а протоци се беше ок на последен преглед.Мене за една недела ми беа покачени од 2250 на 2360 и док рече дека е ок.Сега сум следна недела на контрола па ќе видиме колку се покачени.
Денес бев кај Јани и мене ми сугерира да почнам два ради хетерогена постелка … ама се договоривме во четврток скринингот во Систина да помине да видиме што ќе рече и Гордана, кај мене димерите се 770сега, аппт е 22 ама рече во четврток уште еднаш протоци убаво да се видат
Па да треба да се провери и протоци.Мене док Митко ми рече кај мене на 3 до 4 недели ама трансфузиолог ќе следиш почесто.Е сега јас послем серклажот бев на 3 недели па дека беа качени ддимерите ми рече док Нинослав за една недела па имаше минимално покачување.Сега сум следна недела послем 2 недели па ќе видиме се зависи од резултатите .
Моиве дидимери се 770 и Јани ги води како благо хипотромбофилична состојба … уствари ниски за 20та недела ама ради аппт и тоа што гинеколог виде шарена постелка ќе видиме во четврток што ќе пресечат околу клексаниве на извештајов од Ќаев од Гак од петокот ни грамажа ни должина ништо не напиша само на крај рече таман си е за неделата бебето уживај во бременоста и стаи печат. Одвај чекам четврток во Систина да си видам се асално по пропис и извештај ко што треба со сите параметри
Кај тебе ниски ,кај нас високи тоа е ќе си слушаме доктори .Ајде на пола сме.Мене неделиве сега брзо ми помонуваат. Јас Понеделник сум на скреанинг 23 недела ќе видиме што ќе кажат.
Како сега да почнавме со позитивни тестови трите + @Iva.T сите сме тука со термини …. Дојдовме до пола толку брзо Баш ќе биде интересно како ќе се раѓаат нашиве срцки дали ќе следат ред или ќе скокаат
Штом ти е добра хемостазата и ти се намалиле д димерите а и протоци супер, продолжи си со терапија како досега. Слушај си го Јани
Даа… пола бременост веќе помина Се понетрпелива станувам Јас хемостаза и ддмери прв пат ке проверувам 27-28ма недела. Ова по препорака на Котларова, мојата матична рече нема потреба, само по индикации било тоа, ама јас ке проверам.
Да да скратено е, а и ptt е на долна граница … плус хетерогена постелка забележана во 17та недела за прв пат, целата е како шарена
Ајде си знаат тие најубаво, се ќе биди во ред. Пусти маки наши труднички, цело време со некој стрес сме, дури да дојди време за пороѓај ќе издржиме, после неспани ноќи не чекаат сите Едвај чекам да се куртулам од овие клексаните, досадни се, некогаш не ги осеќам, некогаш само на допир иглата ме боли, ни мраз не помага, еве ме преѓе од една боцка дупки се напрајв дури да погодам место за боцкање да не боли.
Лево десно прст два надоле под пупак пробај некако најлесно ми е таму, пробав во спојлер ама ми искочија лила кругчиња малечки наредниот ден па викам додека можам во стомак ќе терам