Преку д димери и хемостазата се проверува протокот на крв од тебе до бебка. Обично сега праќаат рутински и ако има индикации нормално.
Ми рекоа дека дента кога ќе правам контрола не се боцкам со клексан ама заборавив да прашам дали се мисли воопшто целиот ден или после контролата може да се боцнам. Како правите вие ?
Јас се боцкам како и секој ден, во исто време. Докторката ме прашува кога последно сум боцкана, ама не ми рекла да не се боцкам.
ова матичниот гинеколог ми го кажа, ако не трансфузилогот да си го прашам јас, зошто боцкањето ми е во 7.30 а контролата во 9 ( а сигурно и наредните контроли ќе бидат после боцкањето).
Јас се боцкам 9.30 сабајле - нкогаш сум на контрола во 10.30, 11, 12... Никогаш не ми рекле да не се боцкам. Докторката само си запишува кога ми е последно боцкање во извештајот.
Добар ден мешковци Кај мене дојде до неочекуван пресврт на прегледот пред некој ден. Докторката виде дека мешето на бебето малку е помало од што треба, за една недела, па ме прати да направам хемостаза. Резултатите катастрофа-Д-димерите 4400 Бебо немала доволно проток на хранливи материи, ама тоа е настанато сега, минатиот пат немаше ваква индикација. Рече д-рката не е страшно ништо, на време сме виделе и на време ќе реагираме со терапија. Ме прати на трансфузиолог и си добив Фраксипарин инекции од 0,6 (исти се ко Клексанот). Ај на здравје нека ми е Таман се опуштив, веќе 7 месец стигнав, си викам нема сега што да се случи и ете, од нормална, школска бременост стигнав до тука. Што е тука е, не сум ни прва ни последна што се боцка, само се надевам дека ќе биде ок. Знам дека не треба да читам низ нет, ама свашта се изначитав, дури и дека бебето може да угине или да се роди мртво и два дена не сум спиена. Ај ве молам тие што се боцкате дајте ми малку утеха, се уплашив пошто енормно ми се покачени д-димерите. Извинете што пишувам во темава, знам дека повеќето прво тука ќе прочитате отколку во соодветната тема. Инаку бебушка вака супер се развива, ова за недела дена што и е помало мешето не било страшно воопшто. Веќе е 885 гр, за еден месец е дупло порасната, минатиот пат беше 430 гр Рече докторката дека се е во ред, постелката е супер, се е одлично, ама толку бев уплашена што не можев да мислам на нешто друго Денес веќе втор пат се боцнав, за 2 недели сум на контрола и на гинеколог и на трансфузиолог, па ќе видиме. Дома сум сега на боледување, ми предложи д-рката да одмарам пошто работата со седење ми е, не било убаво за дотокот на храна кај бебето многу седење. Не знам ни дали воопшто ќе се враќам на работа, ако треба да се боцкам до крај, не планирам. Најбитно ми е да си се храни како што треба. Извинете на километарскиов пост, упрпана сум и морав да си се искажам. Ве гушкам
Без паника за боцкањето. Колку не има тука што се боцкаме од почеток еееее Мачно е што го мислиш секој ден, ама штета нема и не е страшна терапија. Само корист ќе имаш - ќе ги подобри протоците и доток на храна кај бебето. Без гајле. Се што имаш, пиши си и тука. Не има многу боцкачи на темава
Фала @kukla21. Читав нешто дека тромбоцитите можат драстично да опаднат, ми напомена и докторката, ама ми рече не се замарај со тоа. Загрижена сум, знам дека е за доброто на бебето, ама сигурна сум дека ќе биде се во ред
Јас имам шреку 200 клексани боцнато. Тромбоцитите ми се во граница на нормала. Затоа и се оди на контроли почесто - за да се следи состојбата.
Ако добро се сеќавам, и ако ти е за утеха имало и со над 7000 дидимери. Боцкај и уживај. Јас почнав да боцкам пред 10тина дена, па планирам да проверам како ми се тромбоцитите следната недела. Баш и мене ме интересира, зашто еден ден малку повеќе ми потече крв од носот. Ти посакувам помалку модрици.
А што значат тромбоцитите? Мене во секој нареден резултат ми се пониски. Иначе бев денес на трансфузиологија. Имав закажано кај Лаура а внатре беше некој маж. Ме праша само дали примам терапија, ми ги даде листовите и толку. Тој што ме боцкаше прашуваше едно девојче дали за лупус е доволна една епрувета, а она му рече да види на гугл. Немало потреба, доволно ќе било... и така
@Sexybaby86 кај мене беа 5000. Примав фраксипарин два пати на ден, 0.4 и 0.6. Сега сум релативно стабилна и примам по еднаш. Убаво е што ти ги виделе и дека ќе примаш терапија на време. Штом бебе добро напредува, немај гајле. Тоа е најважно Оваа е честа појава. Некогаш може да се качат многу високо, кај бебе да не се осети, па по порагај мајката има проблем. Кај тебе барем ќе средите, и нема ни кај бебе, ни кај тебе да има проблеми. Добродојде во програмата на совладување на стравот од игли за боцкање
јас приметив дека тие пошироките шприцеви во Виола што ги има ми се полесни за употреба, имаат и федерче и полесно се држат, со овие тенките од Зегин две модрици си направив
Јас се боцкав со клексани од 13 недела до 1 месец после породување и пиев аспирин 100 до 28 недела. Д-димерите на породување ми беа околу 6000 така што ако си покриена со терапија не е ништо страшно. Ниту еден ден не отсуствував од работа заради високи д-димери. Шетав секоја вечер и примав редовно терапија и се беше во ред. Високите д-димери не ги сметав за нешколска бременост. На контролата во 28 недела бебето беше мналку помалу од што треба,ама со редовно јадење јајца заради протините на 32 недела на контрола беше супер.Се роди со 3360. Со среќа.
Мене ми препорачаа и протеинска исхрана. Јас од старт се боцкав, ама баш тој период ко тебе стомачето беше 2 нед помало. Хемостаза добра. Мислам дека нема врска седењето со протокот.