Нема врска јас се боцкам во 9ч наутро а на трансфузиолог одам во 10ч.Не се боцкаш само ако трансфузиологот ти каже за да направи некои анализи.Дека јас се боцкам во рака ми има кажано док ако сум се боцнела во левата рака ,десната рака ја давам да ми земат крв.
Комуницирав на вибер со матичната во врска со резултативе односно ми имаше пишано дека треба да одам на гинекологија да видам дали треба да примам клексани или не. Според референтните вредности се е скоро во граница кај хемостазата освен ддмерите. Ме интересира дали некој имал високи ддимери, а немало потреба да се боцка со клексани ?
Koja nedela si bremena.Ima tabela na vrednosti kolku treba da se dimerite spored koja nedela od bremenosta si.
Фала ти, не знаев дека други вредности има за бремени. Од утре сум 22 недела и според одредени табели велат дека второ тромесечие треба да бидат до 1290, да покачени ми се. Наредна недела сум на втор скрининг на Гак, претпоставувам не е проблем да почекам до тогаш за да ги погледне специјалист или подобро е да видам да завршам со преглед утре ?
Ако матичната те праќа да отиди си на Гак.Ке те прегледаат на ехо ќе проверат протоци ако е се ок може и нема потреба да примаш клексани.Да бидеш сигурна дека не примаш терапија.
Еве јас го завршувам 5ти ама најзгодно ми е во стомак некако, пробав и странично во спојлер ама штознам тука околу пупак најлесно и фатив ред некако до кога ќе видам…мислам бар уште еден месец ќе можам после гледам во рака и бут почнуваат
Исто и јас си велам додека можам оти најнафатно ми е. Е сега таман ми се исчистиле модриците пак ќе ми протечи крв на боцкање и еве ти лилава ружа гратис на стомак Чудна работа, некогаш не ги осеќам боцките некогаш само што ќе ја доближам иглата боли и не можам да се дупнам, па ќе речи крв, па не оди шприцот, ексик. Грутчиња на едната страна си стојат веќе месец дена и кусур
јас отпочеток во раце се боцкам, втора бременост ми е шо ја терам со клексани и тогаш се боцкав само во раце. некако шубе ми е во стомак...
Јас сум 36н и боцкам во стомак...во претходната до 38н исто стомак тогаш ми ги прекинаа...само тука ми е безболно
38недела и 2дена сум, д димери ми се 3330. Првин ми беа 3550, па паднаа на 3450, сега се 3330. Дали е во ред за оваа недела? Докторката ми вели дека нема место за паника, дека секој момент можам да се породам и да се движам повеќе. Мислење?
Дали пешачењето има некаква врска со д димерите? Минатиот месец пешачев доста и од 2800 ми се намалија на 2600, последните неколку недели поради сплет на околности немав многу време за пешачење и сега кога проверив пак ми беа 2830. Клексани си примам од старт ради мутации, барав на нет дали има врска пешачење со нив ама не најдов ништо
Ти рекла да се движиш за да имаш полесно породување доколку планираш спонтано. Мене мојата ми рече да имам секс затоа што така се опушта грлото на матката.
Да со пешачење се намалуваат.Еве јас дека сум строго во мирување кревет ,тоалет и на 2 недели до док од 2360 се качија на 3750 па од оваа недела сум на 2клексана и аспирин.Ако ти е нормална бременост движи се коллу можеш повеќе.
Ти благодарам, се водам високо ризична ради ивф и мутации но имам нормална бременост и дозвола од доктор за нормално функционирање. Приметив дека со пешачење има разлика, но не можев да најдам конкретен одговор. Ќе си пешачам секој ден. Благодарам за одговорот
Не, ништо такво не ми дале. Одам на ГАК за ддимериве, они ми препишуваат доза ама утре конечно си закажав на трансфузиолог па да видам што ќе каже. При крај сум, 36+3. Ајде веќе уште малку да се издржи без некој нов стрес