Не се плаши, трансфузиолог ќе ти кажи дека си покриена со терапија и нема потреба за грижи. Ако ти е хемостазата океј и на ехо протоците си се супер тогаш нема простор за паника. Ајде до тука стигна биди си поопуштена за пораѓај не ти треба дополнителен стрес Шо да речиме ние до пола шо не сме со клексаниве Мене па д димери кога мерев на 28 Јануари 190 ми беа хаха, ама тогаш бев прв триместар.
Да, протоци и хемостаза се океј, немам ни лакуни ни ништо на постилка, баш само ддимериве се покачени па заради нив сум со клексани од 26та недела. Се надевам ќе ми објасни денес трансфузиологот се како што треба фала ти
Девојки кој ви дава упат за кај Јани, општ или гинеколог? До сега цело време го барав на моб. па ми пишуваше извештај ама веќе ми е незгодно.
гинекологот, порано не можеше, ама сега пак во вратиле како можност, баш вчера ми фати термин за март
Со која дијагноза? Пред некое време прашав и јас ама сестрата ми рече не може од кај нас, ако ми го каже истово пак да сум спремна. Фала ти.
јас отидов така првиот пат пошо не можев да чекам да пуштат термини и ај преку врски, искрено лом ме напраи ми се изнавика... а упатот денес го земав пишуваше надзор на нормална бременост, нишо посебно
Трансфузиологот од Систина ми кажа да примам 2 пати на ден клексан од 40мг, и денес одам на ГАК за да ми препишат и гинекологот вика не може, нема потреба, ќе ти препишам уште 14 по еднаш на ден. И сега што да правам? Вика не се согласувам со трансфузиологот, ти треба при крај сега да ги прекинуваш а не да ги накачуваш. 36+4 сум, примам поради покачени ддимери. Моментално ми се 3300. Времињата сега ми се во нормала. Стварно не знам кој да слушаѓ, се мислам да си ги платам останатите па налет и пари и се…. Со извештај од Систина после не би ми рефундирале, така?
Не ги рефудираат, а со Јани не успеа да контактираш? земи ако не за викендов само ставај по две а Јани е понеделник во ординација. Требало да му речеш на Гак на тој добро дајте ми приоритетен за кај Јани за понеделник, сакам потврда од трансфузиолог, несакам да ризикувам, ако рече и он по едно ќе користам. Ма да и матичниот мој го слушнав завчера зс една пациентка со 3300 ддмери ама 37ма недела рече дека се мн високи да дојде даа ја боцне со еден.
Не сум била никогаш кај Јани, никако не можев да стигнам до него па ај си викав ќе терам на ГАК за клексаниве. Прв пат отидов сега на трансфузиолог приватно бидејќи после последниве 2 недели примање клексани ддимериве ми се накачија од 3100 на 3300 место да се спуштат… па ајде отидов одма во Систина, тој па ме извади од памет дека можело тромб да ми се откачи во секој момент, колку згрешиле гинеколозите што не ми дале повисока доза до сега, дека можело да дојде до спонтан сега при крај… значи се изнаплакав со информацииве и еве денес голготата продолжува. На ГАК викаат немаш ни лакуни ни проблеми со протоци, нема никаква потреба од дупла доза. Можам да земам приоритетен за кај Јани преку матичен гинеколог или некој друг?
Да јас баш го прашав Матичниов зошто клексани при крај вика не е добро да се високи толку, мене ми беа 2790 во 19 недела и од тогаш сум со два клексани и после две ипол недели направив хемостаза паднале за 500 надоле. Јас вадам приоритетен од Гак, само така најбрзо завршувам, термин матичната никако да фати или неќе да се замара кога и да сум се јавела дека има. Друго предлог да ти пишам во порака па да видиш дали ќе можеш така.
Баш ми е жал што си го начекала во таков муд, обично е океј ама изгледа е преоптеретен веќе со раб. Последно јас ко бев како издишан балон беше и баш викаше размислувам да прекинам да работам со трудници оти само јас се замарам и не се издржува веќе. Се надевам нема да дојде до тоа.
знам многу беше гужва и сите влагаа преку ред и беше пренапнат човекот и само јас му дојдов онака да ми се истури а од минатата бременост го памтам дека беше префин
Може да следите на мој термин, овој месец на 10ти пушти термин и одма се јавив кај матичната да ми фати термин, иначе ако чекате на нив да ви фатат не се сите ажурни баш и сигурно ќе заборават, јас така правам сама си следам за кај јани.
јас може да заборавам, ама сестрава кај мојава матична нема шанса, она сама ми памти, ми фаќа само ми се јавува да си земам упат
Би сакала да споделам искуство, со 2600 високи д димери, со само по 1 клексан на ден, во трет месец од бременост (здрав бременост до тогаш) го изгубив бебчето, ми беше навистистина многу тешко, уште ми е, посел сите анализи, се воспостави дека дозата на клексан била недоволна, требало до по два клексана на ден да се боцкам. Несакам да ве плашам, но од два клексана нема да имате никаква штета, продолжете да се боцкате, димерите ви се високи 3000 за трето тромесечие, нормалата е до 1500. Конусултирајте се со трахсфузиолог, но подобро е да сте регулирани со клексани, бидејќи нивното непримање, може навистина да има несакани последци. Ова за памет за било кој. Ви посакувам да сте здрави и живи и вие и бебчето. Поздрав
Да мора консултации, јас 16та недела бев со 2300 за во 19 крај да дојдат 2790 и со 2 гиниколози консултација едниот вика не треба др ми рече 0.2 плус.. и закажав кај Јани и тие денови додека чекав купив сама и се боцкав 0.2 +0.4 и Јани ми зголеми 2 x 0.4 за три недели направив контрола паднале на 2300 пак, сега пак сум на почеток март на преглед. Мора следење.. и сами да иницираме некогаш да се потврди од повеќе доктори.