Многу ми е жал што си прошла низ ова ти благодарам за споделеното искуство. Ја накачив дозата секако, уште малку ми остана, нема да ризикувам… Се уште не можам да разберам зошто постои толкава спротиставеност меѓу гинеколозите и трансфузиолозите на оваа тема кога е нешто што навистина подеднакво ги засега двете страни и сметам дека мораат да комуницираат и да се согласни, а не да не оставаат нас пациентите да одлучуваме за работи за кои не сме кадарни.
Здраво, дали ќе може мислење за времињата не ги разбирам многу? Инаку сум 11+1 и примам по еден клексан 0.4 заради генетски мутации
Дечки на два ума сум. Правев проверка на хемостаза: Протромбоцитско време 16 Активно парцијално 34 Тромбоцитско време 27( само ова е покачено до 24 е нирмално) Ддимери 516 22+ недела сум Др Јани вика продолжи со клексан, др Владимир од Њу Борн да ги стопирам клексаните Што би правеле вие?
Ја мислам дека за ваква работа се слуша тој што е стручен за истата, сигурно за аритмија во бременост ќе одиш кај кардиолог, а не кај гинеколог. Во краен случај друг трансфузилог би консултирала, ама сигурно нема да земам мислење од гинеколог како релевантно за хемостаза.
И јас така размислувам. Ама дека тромбоцитското време ми е покачено што значи дека крвта побрзо се разредува. Ризик од тоа е прокрварување. А и ддимерите се ниски. А заради серклажот не се движам, ептен по дома по малку.
Ризиците трансфузиолог најдобро може да ги пресмета. Штом ги видел резултатите веројатно знае што прави, особено Јани кој има многу искуство со бремени жени. Исто и доколку ги прекинеш, многу нагло и многу брзо може да се променат работите. И тоа е ризик. Ако не си мирна, консултирај уште еден доктор.
Јани си ја знае работата, не би ризикувала и јас мојот матичен не го послушав, почнав терапија ради мутациите сама додека отидов кај јани го потврди истотот и продолжив со терапија. Да не земев плодот ќе го изгубив во почетокот. Кога се зголемија ддмери во 19та недела пак матичниот рече еден клексан, јани рече два клексани. Така да само трансфузиолог си знае работа.
Имаше нормални параметри кога ги откри мутациите? Мене на 303 ддимери ми ги стопираа клексанните( заради ивф ги примав) па испитав мурации и др. Јани ми кажа да продолжам со клексан. Проверкава на хемостаза не ја правев кај Јани( не сум од Скопје) ама му пратив на вибер резултати. Вајда добро ги има видено. На вибер ми пиша да продолжам.
Да ддмерите ми беа 340 кога ги почнав клексаните на своја рака затоа што матичниот ми нудеше само Андол 75мг покрај мутациите што ги знаеше дека ми беа направени пред бременост. Додека на имунологија ми назначија исто пред бременост кога бев дека од почеток со клексани. Ајде почнав андол само и прокрварев веднаш помина недела и пак болки чудно се осеќав.. и бев убедена дека треба да послушам себе и купив на своја рака 5 клексани додека најдов упат кај Јани и после си продолжив со терапија.
Мене и сега во 6ти месец ддимерите ми се 770 ама никако запирање клексани рече Јани ради мутациите плус скратено аппт… со зголемено тромбинско немам искуство препрашај го слободно нема да ти замери ќе објасни
Јас му пишав на др. Владимир. Искрено многу му верувам. Ми одговори штом така пишал др. Јани, да го послушам др. Јани пошто тој е постручен за ова. Ама на 3 недели ќе испитувам хемостаза, немој па ептен да ми се разретчи крвта. Дефинитивни испитивање на ген митации за тромбофилија треба да биде обавзно за секоја трудница и жена која сака да забремени. Баш читав интервју на др. Јани голем дел од необјаснетите стерилитети и спонтани се заради ген мутации
Во фонд за здравство, сметкопотврда со фискална од сите клексани, плус копија од сите нив, потврда од матичен гинеколог дека ги имаш примено, лична карта копија и трансакциска сметка копија (едно од овие ми задржаа друго ми вратија незнам кое беше само направи си ти од двете)и извештај копија од трансфузиолог и таму пополнуваш формулар еден Ако нешто заборавив нека ме надополни некој