Здраво, Дали може инфо, за колку време рефундира ФОНД? Имам поднесено барање пред 1 месец, сеуште нема рефундација, и дали испраќаат решение или само вршат трансакција на средствара? Благодарам!
Мене за една недела ми стигнаа парите од рефундација, поднесов за 40 клексани ми признаа 18, две инјекции не ги признаа оти на рецептата назад датата беше како на 26 да сум почнала со терапија а на рецептата 28 поглупо образложение здравје. Ојдов да се бунам за останатите 20 затоа што знам дека повеќе клексани беа ама не бев сигурна и проверува во компјутерот ми вика не бе чупе толку се, и после кога ги побара документите во архива ми вика ау во право си една рецепта ја заборавиле, ќе ти испратиме со наредните плус пари. Затоа ако имате некаков сомнеж одма жалба.
Јас не носам рецепти.. никогаш не ми побарале. Носам извештаји, сметкопотврди со фискална, потврда за примени инекции од матичен и фотокопија од трансакциска сметка. Нормално фискалните се од тој датум и се за тој извештај.
Некои матични не издаваат потврда него на самата рецепта пишуваат дати на кои стават потпис и печат. Живи глупости, се надевам во брзо време ке се стави клексанот во позитивна листа како што најавуват
А документиве ги носите оргинал или копија? Во пон. прв пат ќе носам и следново имам: извештај од спрецијалист, фискална со сметкопотврда, потврда од матичен за примени и копија од трансакциска. Ова е се или уште нешто ми треба?
Јас на барањето со пенкало му ја напишав, два пати досега рефундирав. Сметкопотврдите не знам за што ги бараат кога имаме фискални ама тоа ти е нашата држава
Дали некоја од вас има испитувано ддмери во Авицена или Синлаб? Планирам наредна недела да проверам, но за да не излегувам од работа би сакала да е сабота. Која е процедурата? Дали треба на гладно исто да ми земат крв?
Било кога можеш, испитував јас на почеток во синлаб неколку пати, околу 2000беше со времињата и димери
Едно прашање во врска со рефундацијата. Ако Имам извештај за 120 клексани ( за 60 дена) дали може на два пати да поднесам за рефундација? За 60 клексани ( за еден месец) после за другиот.. вака многу чекам за исплата